Една од емисиите кои се навистина џентлменски и можете да уживате во секоја минута од нив е и и емисијата со Игор Стефановски и Арта Зеќири.
Македонските моторџии по седми пат продефилираа по скопските улици, а ние ја имаме честа организаторот Игор Стефановски да биде гостин во нашата емисија. Хумантарниот настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“ е нешто за кое треба да знаат македонските џентлмени. Не го пропуштајте овој разговор, проследен со добри манири, позитивно расположение и џентлменски навики.
Воедно, дел од нашата емисија ќе биде и Арта Зеќири која живее во Америка. Нејзините паралели за џентлмените тука и во Америка ќе дадат уште подобар шарм на оваа емисија. Инаку, таа е дел од настанот „Tedx talk Skopje“.
Целата емисија со овие гости ја имате во продолжение:
Сигурно ве интересира кои се петте работи без кои не можат овие гости, па може да погледнете:
Продолжете да ја гледате нашата емисија, а сите епизоди од Џентлмен Магазин ги имате на нашиот Јутуб канал. Не пропуштајте!