Пет работи облека кои секој маж треба да ги има во својот плакар

Парчињата облека кои секој маж треба да ги има во својот плакар се токму овие безвременски парчиња, кои лесно се вклопуваат во секоја пригода, а кои на некој начин се основата на секој добар аутфит. Прочитајте ја оваа статија и дознајте кои се незаменливите и основните елементи на секоја машка гардероба.

  1. Кошула со добар крој од пријатен материјал

Едно од оние парчиња облека што во зависност од кројот и бојата може да биде лесно се комбинира и се носи на повеќе начини – под сако или блејзер за поформално прилики, преку еднобојна маица за секојдневно носење или сами, како погоре дел, идеален за сите прилики… Таква е кошулата од добар крој која секој маж мора да ја има во својот плакар – секогаш испеглана и спремна за носење. Еднобојната памучна кошула е нешто кое секој маж мора да го има, а истото може да биде ваша прва инвестиција кон негувањето на добар стил.

Кошула

2. Кожни елегантни чевли

Удобната машка ципела првенствено може да ви приушти задоволство и лична сатисфакција, а се разбира дека е и одличен модел детаљ кој го разубавува вашето секојдневие. Ваквите чевли добро помагаат за еден посериозен изглед на вашиот стил, а добрата работа е што може да ги носите во различни пригоди, почнувајќи од одење на работа со нив, се до одење на свадби и слични манифестации.

Машки чевли

3. Добро изразен каиш

Неопходен аксесоар на секој маж е добриот каиш. Тој секогаш одговара на кожните чевли за кои ви пишавме погоре, а со кошулата знаат да бидат одлична комбинација. Со секој каиш сосема суптилно вие може да изградите еден сосема поинков стил кој во очите на понежниот пол сосема ќе дава една поубава слика за вас. Освен тоа, каишот има и практична примена. При изборот на каиш секогаш треба да се внимава на сите негови детали како боја, материјал, квалитет на изработка и облик. Не секој каиш е за сите пригоди, па затоа мора да бидете внимателни при изборот.

4. Памучна бела маичка

Белата памучна маичка е основа за стилот на секој маж. Ова дефинитивно е најзапоставената работа за носење, а основната бела маичка е вистински постулат при секое облекување. Памучната бела маичка е за секојдневно носење. Одично одговара на фармерки, панталони, а добра е за под кошула по долги ракави. Ова дефинитивно е едно од парчињата кои никогаш не излегуваат од мода.

5. Квалитетни фармерки

Квалитетните фармерки кои можеби чинат и повеќе од обичните секојдневни панталони се секогаш добра инвестиција. Најдоброто кај нив е тоа што траат долго и секогаш се во мода. Примената на тексасот како материјал од година во година се зголемува, па затоа ви го препорачуваме ова.

Машки пантолони

Leave a Reply

Your email address will not be published.