Планирање на време за ефикасен и ефективен одмор

Човекот е homo faber (човек – работник), но нужно е да има сон и да си приушти одмор, инаку не би можел да продолжи со работењето.

Иако многумина сметаат дека одморот е претек на слободно време, па немаат обврски да го планираат и организираат времето, тоа е сосема погрешно уверување.

Доколку сакате ефикасно и ефективно да се одморите потребно е да го испланирате и организирате своето време, во спротивно тоа ќе тече како песок во песочен часовник, а вие наместо уживање, ќе добиете бесконечна досада или ако сте премногу активни на одмор, за возврат ќе добиете повеќе умор.

Човекот мора да има чувство за време дури и додека одмара. Треба да предвидите колку време ќе потрошите на кои активности и да пресметате точно кои активности ќе ги правите во текот на денот.

Тоа е единствен начин да се осигурате дека ќе имате сосема доволно активности бидејќи ако имате премалку ќе се заглавите во монотонија, ако имате премногу ќе се изморите повеќе.

Најважно е да си обезбедите здрав сон, затоа што единствен начин да го одморите телото и умот е да си приуштите повеќе сон на одмор.

Не заминувајте во кревет доцна и продолжете си го спиењето барем за уште еден час од обичниот почеток на денот.

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.