Петта година по ред ги бираме најуспешните „Мажи на годината“ во Македонија

Еден од најуспешните настани што се одржува во Македонија посветен на успехот и традиционалните вредности, „Мажи на годината“, петти пат по ред во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации, ќе се одржи последната недела од ноември, месец посветен на машкото здравје.

Гламурозен настан кој се одржува во повеќе од 70 земји ширум светот, на едно место ги обединува најистакнатите имиња во претприемаштво, здравство, образование, политика и култура, настан за кој многумина ќе кажат дека е исклучително важен поттик за младите џентлмени.
Докажаниот успешен тим кој стои зад овој проект веќе започна со организација и со полна пареа работи на јубилејното петто издание на „Мажи на годината“ во Македонија кое со нетрпение го очекуваме.

По петти пат ќе се избираат „Мажи на годината“

„Навистина сме горди што овој настан прерасна во традиција, препознаен во јавноста и што претставува императив за многу млади и успешни луѓе“, изјавија организаторите од Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.

Овој јубилеен настан се најавува како единствен од овој тип на овие простори, за оние кои препознаваат и негуваат вистински вредности и добри навики, исполнет со многу нови изненадувања, загарантирана забава со богата музичка програма, гламур и награди за најуспешните.

„На наше големо задоволство повторно ќе им оддадеме почит и ќе ги избереме 13 најуспешни мажи за оваа година. Целта на овој настан е да ги поттикнеме мажите што повеќе да ги негуваат добрите навики, манирите, стилот на живот, хедонизмот и успехот“ – изјавија организаторите од Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.

Како и секоја година така и оваа, за изборот на најуспешните мажи ќе одлучува стручна жири комисија составена од 25 члена кои се истакнати имиња во новинарството, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, спортисти итн.

„Мажи на годината“

Традиционално, и вие можете да земете директно учество во изборот, и да номинирате една личност во категоријата на избор на „Маж на годината според социјални медиуми“ кој го сметате за најзаслужен оваа година.

„Голема благодарност и до медиумите, до нашите партнери и до вас драга публико кои непрекинато не поддржувате, успехот не би бил целосен без вас“– изјавија организаторите од Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.

Подгответе се за овој јубилеен спектакл кој не очекува во ноември, за заеднички да го прославиме успехот на мажите кои придонесуваат за поубаво општество за сите идни генерации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.