Погледнете како изгледаат најлуксузните хотели во светот со седум ѕвезди

Луксуз е еден од термините кој сè уште се употребува не само за да се изрази вредноста на некој објект, туку и да се доловат елементите на ексклузивност и уникатност кои може да се доживеат преку задоволството кое е врзано за екстравагантните предмети и објекти. Овде ќе зборуваме за местата кои ретко кој може да ги посети и да ужива во нив.

Таков е случајот и со хотелите кои овозможуваат едно сосема поинакво доживување на поимот хотел. Верувале или не, постојат хотели кои имаат и повеќе од 5 ѕвезди. Не 6, туку 7 ѕвезди, а тие се бројат на прсти.

Во продолжение ви ги претставуваме кои се тие:

1. Aman Canal Grande, Венеција, Италија

Овој хотел отворен е од 2013-та година во палатата Пападополи од 16-иот век и во него Џорџ Клуни и Амал Клуни стапија во брак. Има само 24 соби, а цената на најголемата соба достигнува и до 3500 евра од вечер.

Aman Canal Grande, Венеција, Италија
Aman Canal Grande, Венеција, Италија
Aman Canal Grande, Венеција, Италија


2. Burj al Arab, Дубаи, Соединетите арапски емирати

Овој хотел изграден е на вештачки остров на оддалеченост од 280m od плажата Јумериа и е со изглед на едро веќе одамна е симбол на луксуз, поточно уште од 1999-та година кога беше изграден. Севкупно има 202 соби, а најголемата чини 9000 евра од вечер.

Burj al Arab, Дубаи, Соединетите арапски емирати
Burj al Arab, Дубаи, Соединетите арапски емирати
Burj al Arab, Дубаи, Соединетите арапски емирати


3. Emirates Palace, Абу Даби, Соединетите арапски емирати

Овој хотел отворен е во 2005-та година, има своја приватна марина во случај да посакате да пристигнете по морски пат и место за долетување на хеликоптери, ако сакате да пристигнете по воздушен пат. Има 92 масивни соби, а најгорниот кат резервиран е за оние со сина крв.

Emirates Palace, Абу Даби, Соединетите арапски емирати
Emirates Palace, Абу Даби, Соединетите арапски емирати
Emirates Palace, Абу Даби, Соединетите арапски емирати

4. Лукала островот во Фиџи претворен во ресорт

Дали некогаш сте посакале да поседувате свој сопствен остров? Постои место каде можете да го доживеете чувството да се биде сам на остров, во неверојатниот Лукала ресорт. Изнајмувањето на една вила од ноќ, тука ќе ве чини 3000 евра.

Лукала островот во Фиџи претворен во ресорт
Лукала островот во Фиџи претворен во ресорт
Лукала островот во Фиџи претворен во ресорт


5. The Centaurus Hotel, Исламабад, Пакистан

Сместен во главниот град на Пакистан, овој хотел е дел од масивниот шопинг центар чија изградба чинела 350 милиони долари, а составен е од елегантни соби во кои имате приватен батлер.

The Centaurus Hotel, Исламабад, Пакистан
The Centaurus Hotel, Исламабад, Пакистан
The Centaurus Hotel, Исламабад, Пакистан

Leave a Reply

Your email address will not be published.