Поинтелигентните луѓе пијат повеќе алкохол, седат до доцна во ноќта и не се склони кон спортување

Иако би било логично да се мисли дека паметните луѓе живеат поздраво и повеќе се грижат за своето здравје, неодамнешните истражувања покажуваат дека тоа не е така.

Студијата спроведена од психологот Сатоши Каназава од Лондонската школа за економија и политички науки, ги испитуваше карактеристиките и вредностите на луѓето со висока интелигенција.

Резултатите покажале дека интелигентните луѓе се залагаат за помодерни, полиберални вредности, а исто така се помалку религиозни од помалку интелигентните луѓе.

Кога станува збор за либерален начин на живот, истражувањата покажале дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција се со поголема веројатност да останат будни до доцна навечер и да пијат алкохол почесто отколку луѓето со понизок коефициент на интелигенција.

Помалку се вклучени и во физички активности

Сатоши Каназава ги објаснува овие резултати со „теоријата на савана“ која вели дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција подобро се справуваат со ситуации и настани во модерниот живот, додека мозокот на помалку паметните луѓе често има проблеми со достигнувањата кои се релативно нови во еволутивна смисла и затоа таквите луѓе живеат поконзервативно.

Како резултат на тоа, помалку интелигентните луѓе пијат помалку алкохол и повеќе се движат.

Имено, алкохолот и седентарен начин на живот, според теоријата на саваната, се резултат на помодерното живеење, па помалку интелигентните луѓе ги практикуваат поретко.

Leave a Reply

Your email address will not be published.