Продаден најскапиот колекционерски автомобил на светот: Ретко достапниот олдтајмер чини неверојатно 135 милиони евра

Германската компанија Mercedes-Benz потврди за CNN дека го продала најскапиот колекционерски автомобил во светот.

Многу редок модел на купе Mercedes-Benz SLR од 1955 година, кој се чува во колекцијата на овој производител на автомобили, е продаден на приватен сопственик за 135 милиони евра, што е еквивалентно на 142 милиони долари, пренесува американската телевизија.

Со таа цена, овој автомобил стана најскапиот некогаш продаден во светот, според Хагерти, компанија која ги следи вредностите на колекционерските автомобили.

Парите од продажбата ќе бидат искористени за формирање на глобален фонд за стипендии на Mercedes-Benz, се вели во соопштението на компанијата.

Претходната рекордна продажна цена за еден автомобил беше 70 милиони долари, а беше платена во 2018 година за моделот Ferrari 250 GTO произведен во 1963 година.

Извор: Euronews

Leave a Reply

Your email address will not be published.