Провокативна, секси и атрактивна: Дали ова е најзгодната учесничка на Евросонг? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Се ближи Евросонг, а со тоа и јавноста зборува за настапите на земјите на ова натпреварување. Оваа година со појавувањето на тиркизниот тепих, очите на европската јавност беа вперени кон грчката убавица што ќе го претставува Кипар оваа година.

Евровизиската претставничка на Кипар го привлече вниманието на тиркизниот тепих со розовиот, сексапилен, светкав фустан со шлиц кој завршува над препоните. Дали е секси, или пак е претерано ви оставаме да одлучите сами.

Андромаха беше една од најпровокативните на церемонијата за отворање на Евровизија 2022 во Торино.

Ова е фустанот заради кој очите беа вперени во Андромаха

Грчката пејачка која го претставува Кипар ќе се појави на евровизиската сцена со песната „Ela“.

Андромаха e родена во Германија, но на 5-годишна возраст се преселила во Грција. Ќе настапи на втората полуфинална ноќ и вели дека се чувствува добро и многу комфорно на сцената.

Песната е автентична поради тоа што е комбинација од модерен поп звук и влијание од кипарската традиција. Лесно ќе ја засакате на првото слушање.

Еве ја песната на Андромаха со која ќе го претстави Кипар:

Но, таа беше во очите на јавноста заради провокативните фотографии на социјалните мрежи кои може да ги погледнете во продолжение или на нејзиниот инстаграм профил: https://www.instagram.com/andromache_dim

Leave a Reply

Your email address will not be published.