Ремчињата на часовниците ја одредуваат нивната намена

Секој часовник е моден додаток за различни пригоди. Познато е дека часовникот може да е дел од скоро секоја модна комбинација, но важно е каков часовник ќе изберете за целосно вклопување во вашиот аутфит.

Часовниците меѓудруго најмногу се разликуваат по ремчињата, а некои часовници покрај основата имаат ремичиња од различни материјали кои го прават часовникот адаптибилен кон секоја пригода.

Часовник со кожно ремче

Овој тип на часовник најмногу одговата на кежуал комбинација. Доколку носите кошула без сако, фармерки и патики или чевли, часовник со кожно ремче идеално ќе се вклопи во ваша кожна комбинација.

Предноста на овој тип часовник е што се вклопува во поголем број на модни комбинации, па ако сакате да изберете само еден часовник за вашата архива, најдобро е да биде часовник со кожно ремче.

round silver-colored chronograph watch with brown leather strap
Фото извор: Unsplash.com

Часовник со метално ремче

Часовник со ремче од метал може да е дел од полуксузните варијанти на часовници, особено ако металот од кој е изработен е благороден.

Ако часовникот е со метално ремче тогаш тој најмногу се вклопува во аутфит за специјални пригоди, каде треба да сте официјално облечени, односно во костум и кожни чевли.

analog watch pointing at 9:45
Фото извор: Unsplash.com

Часовник со гумено ремче

Часовниците со гумено ремче може да се дел од спортските комбинации. На пример ако носите маица или обична блуза, со фармерки и патики, најмногу ви пасува часовник со гумено ремче.

Иако модната комбинација на која одговара овој часовник несекогаш подразбира носење на аксесоари, ако имате смарт часовник кој е природно дел од вашето секојдневие, тогаш носете го на предложената модна комбинација.

analog watch on brown textile
Фото извор: Unsplash.com

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.