Ријана стана мајка: Пејачката се породила во потполна тајност, познат и полот на бебето

Американската пејачка ѕвезда Ријана и раперот Ејсап Року (A$AP Rocky) или Раким Мајерс, го добија своето прво дете – момченце, коешто се родило на 13-ти мај во Лос Анџелес, објави во четвртокот таблоидот TMZ специјализиран за случувањата во животите на славните.

Пејачката на хитовите како „Diamonds“ и „Umbrellа“, којашто постепено се посвети на модаа, се форографирала со својот партнер кон крајот на јануари на со снег прекриените улици на Њујорк облечена во долг розев капут, раскопчан, покажувајќи го трудничкото стомаче.

Триесет итригодишната Ријана годинава изостана од традиционалниот спектакл во Музејот Метрополитен на 2-ри мај на кој редовно се собираат славните од светот на модата и естрадата.

Ријана со години држи во тајност кога ќе излезе нејзниот следен албум, а последниот го објави во 2016 година. Во меѓувреме стана милијардерка, користејќи го влијанието стекнато во музиката, за вложувања во линија на долна облека, шминка и модата.

Ријана и нејзиниот партнер Роки ја озаконија врската во 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.