Сакате да започнете бизнис, а имате недостаток на капитал: 15 бизнис идеи за кои не ви требаат многу финансии

Едно од најпоставуваните прашања на интернет е како може да се започне бизнис притоа без да се вложи голема сума на финансии како почетен капитал. Токму на оваа тема нашиот тим направи истражување и пронајде 15 работи кои може да ви помогнат да започнете ваш бизнис со низок почетен капитал.

  1. Онлајн маркетинг услуги – Дури и да немате големо знаење околу онлајн маркетингот, сепак постојат едноставни курсеви кои може да ви помогнат за да влезете во оваа бранша. Ова е индустрија која допрва се развива, а големата конкуренција може да ве издвои од масата доколку сте добри во вашата работа. Со работа преку интернет може да стигнете до високи заработки.
  2. Консултантски услуги – Ако имате искуство и знаење со овој сектор, тогаш вие сте идеален кандидат за ова моментално. Станува збор за многу едноставна работа, со добри контакти и маркетинг можете да стигнете до солидни заработки.
  3. Изработка на chatbot – До пред десетина години беше незамисливо дека chatbot ќе одговара пораки на брендовите, но денеска тоа е реалност. Иако на „прв поглед“ ова личи комплицирано, сепак станува збор за многу едноставна апликација. Постојат „алатки“ кои помагаат ова да се изработи за неколку денови, а приходот може да ви е доволен и за цел месец.
  4. Достава од врата до врата – Се повеќе бизниси дозволуваат онлајн продажба, како на пример најразлични продавници за облека, или мали бизниси за храна како пицерии. Но, не доставуваат сите. Можете да размислите во насока да ги доставувате овие производи, или пак да започнете нешто кое ќе го достави вашиот производ до врата. Корона кризата беше само потврда дека ова е корисно, особено за постарите генрации
  5. Отворање веб сајт – Да се направи веб страница е евтино, речиси немате никакви големи трошоци. Доколку ставате интересна содржина можете да дојдете до солидни реклами и тие да ви придонесат за одлична заработка. Најголемата предност на оваа работа е што работите кога сакате вие и немате шеф над глава.
  6. Куќна поправка/реставрација – Ако веќе имате алати и сте вешти во „домашните активности“ можете да размислите истото да го работите за некој друг, а притоа да добивате финансиски надоместок. Освен тоа, не морате посебно да вложувате бидејќи веќе го знаете вашиот занает.
  7. Услуги за старите лица – Постојат многу идеи во кои се вклучени старите луѓе. Можете на нив да им помагате со купување храна, плаќање сметки, да им помогнете да добијат соодветна нега или едноставно да им правите друштво.
  8. Пишување блог/објавување видеа – Иако не звучи ништо фасцинантно, блогерите се уште се актуелни. Најдоброто од се е тоа што немате никаков влог. Клучно е да знаете да креирате добра содржина и да имате идеи. Ако сте доволно креативни и не ви е срам од околината, можете да станете и Јутубер. Јутубот полека, но сигурно станува професија која добро е платена.
  9. Мрежен маркетинг – Мулти левел маркетингот или мрежниот маркетинг во Македонија многу го има сменето значењето и за жал со користи во негативен аспект. Но, сепак постојат компании кои преку мал влог ви нудат да ги продавате нивните производи, а за тоа да земате соодветен процент.
  10. Изнајмување опрема/станови/автомобили – Многу луѓе честопати предност даваат на производите да изнајмат, отколку да купат. Вие можете да имате бенефит од истото. Можете да изнајмувате буквално што и да ви падне на памет, почнувајќи од: гаражи, звучници, па се до автомобили.
  11. Услуги за чистење – Интересна работа кај оваа работа е тоа што имате различни опции. Можете да се понудите да чистите куќа, канцеларија, ресторан. Многу компании ја бараат оваа „непопуларна работа“ која е солидно платена. Ова особено се однесува до оние кои што се во странство, а таму навистина се исплати да се работи ова.
  12. Графички дизајн – Креативните луѓе имаат простор да се занимаваат со „графички дизајн“. Пример тоа може да биде изработка на логоа, огласи, слики за компании, брошури и слично. Оваа гранка постојано зема замав, а од Македонија може да се работи за странски пазар.
  13. Прошетка на домашните миленичиња – Она што некогаш ни го кажуваа и мислевме дека го има само по американските филмови, претходните неколку години станува актуелно и кај нас. Најактуелно во оваа бранша е и производството на храна за животни од органско потекло.
  14. Персонален тренер – Доколку се занимавате со спорт ова е одлична и евтина идеја која може да ви донесе солиден приход. По почетниот влог и маркетинг за да најдете клиенти, отпосле не треба да вложувате бидејќи ако сте квалитетен ќе ве најдат заради препорака. Имате можност и да продавате видеа со вежби или дури да отворите свој Јутуб канал.
  15. Тргување со акции и криптовалути – Светот се движи напред, па така се поголем потенцијал има и тргувањето со акции и криптовалути. Но, овде мора да се биде внимателен и за да се тргува со ова претходно мора да има соодветна едукација. Многу експерти во оваа област стигнуваат и до високи заработки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.