Легендарниот Формула 1 натпреварувач става крај на својата кариера: Фетел го најави своето повлекување (ВИДЕО)

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел и официјално го објави своето повлекување од спортот на крајот од оваа сезона.

35-годишниот професионален возач на формула од Германија, кој возеше за тимови како BMW, Sauber, Torro Rosso, Red Bull, Ferrari и Aston Martin меѓу 2007 и 2022 година, изјави дека го напушта возбудливиот свет на Формула 1 бидејќи сака да поминува повеќе време со своето семејството.

Возачот го објави официјалното видео на својот нов Инстаграм профил и на неговата официјална страница. Во емотивна порака на англиски и германски, Фетел појасни зошто решил да се пензионира.

Видеото може да го погледнете во продолжение:

Во видеото истакнува дека Формула 1 е центарот на неговиот живот уште од најраните сеќавања, но и дека трките не се единственото нешто со кое тој се идентификува, бидејќи тој најпрво е сопруг и татко.

Возачот на Формула 1 призна дека сака да посвети повеќе време на своето семејство.

– „Посветеноста на шампионатот во Формула 1, а паралелно да се биде добар татко и сопруг, повеќе не оди рака под рака за мене.” – наведе тој.

Фетел исто така рече дека неговите цели се сменети и дека сега наместо да освојува титули и да се трка по светските патеки, мора да го насочи својот фокус кон децата.

„Сакам да ги гледам како растат, да им ги пренесувам моите вредности, да ги слушам и да не морам да им кажувам како „ќе се вратам наскоро“. Сакам да учам од нив и да се инспирирам од нив. Децата се нашата иднина. Сакам да истражувам и откривам нови работи, и за животот и за себе“, потенцираше Германецот.

Фетел додаде дека веќе не гледа страст како што имал на почетокот и вели дека е цврсто убеден да биде со фамилијата. Според него, во одреден момент работите ќе се решат сами по себе и ќе дојдат на своето.

Спортската јавност неочекувано ја дочека оваа вест бидејќи сметаа дека Фетел ќе продолжи да биде во болидот, но сепак тој е категоричен дека ќе стави крај на својата кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published.