Скопје дише само во август!

Во 1963 година земјотресот го уништи Скопје. „Градот убав“ никна, но за жал сѐ уште не знам дали успеавме да ги исполниме стиховите „Скопје радост ти ќе бидеш“ бидејќи од тој ден па наваму, Скопје го уништува единствено човечкиот фактор. Кензо Танге успеа да го испроектира градот, но не успеа да се справи за подецнежниот феномен на квази-елитизам и синдром на ниски вредности чија најголема сатисфакција вртење три крукчиња низ Дебар Маало со нивните автомобили со затемнети стакла. Среќа, во овој период од годината сите се отидени некаде по одмори, па го нема ни овој феномен кој го гуши Скопје во секој можен поглед.

Пишува: Боемот 2.0

Ми се допаѓа Скопје кога е празно затоа што, пред сѐ можеш да си го планираш времето. Знаеш дека ги нема вообичаените гужви без разлика дали да улиците дали по кафичите или кафаните. Секаде стигнуваш во нормално време. Ми се допаѓа Скопје кога е празно затоа што можеш на раат да одиш на Водно, Матка, Кучково во тишина и без гужва. Тогаш Скопје успева да ја добие потребната тишина и на раат да се одмориш како што треба.

Фото: Скопје

Почетокот на август е единствениот период од годината кога Скопје дише! Од секој можен аспект. Тогаш навистина „тешки опинци НЕ го газат“, а градот функционира онака каков што треба да биде во текот на целата година. Овој дел од годината е единствениот период кога со кола можеш да стигнеш во нормален период од едниот до другиот крај на градот за 20 минути. И нормално, одма да најдеш паркинг пред зграда, за разлика од другите 11 месеци кога вртиш 3 кругчиња за да паркираш ко што треба.

Фото: Скопје

Во Македонија имаме еден чуден феномен, а тоа е дека пола држава живее во главниот град. Па, така на сите ни е јасно дека Скопје е пренаселен, но ова е комплексен проблем за којшто треба долги години да се реши и многу работи да се децентрализираат.
Без разлика на сѐ, Скопје е единствениот град во којшто се чувствувам како дома и како што вели Владо Јаневски „Овде сѐ дури сме живи ќе се враќаме“.

Боемот 2.0 #ГрадотУбав

Leave a Reply

Your email address will not be published.