Скопје отсекогаш имало џентлмени: Погледнете како изгледале скопските мангупи од претходниот век (ФОТО)

Скопје е град со богата историја, многу историски случки, но и многу џентлмени кои оставиле белег во овој град. Токму затоа, ние напишавме неколку зборови за џентлмени кои негувале добри навики, вистински вредности, секогаш биле свои на своето и ја одржувале автентичноста на Скопје.

Почнувајќи уште од старата Римска империја кога се бил под името Скупи тој се наоѓал на левата страна на р. Вардар. Градот се развил од легионарски логор во 13-11 год.п.н.е., во време на владеењето на Октавијан Август, бил престолнина на провинцијата Дарданија, сe до неговото разурнување во катастрофалниот земјотрес во 518 г. Место него, се подигнал нов град, главно на територијата на денешно Скопје, кој во византискиот период бил нарекуван Јустинијана Прима, според својот жител, императорот Јустинијан, роден во околината на Скопје.

Но, да не одиме во детали, едно е јасно: Скопје е град кој во текот на историјата бил домаќин на голем број цивилизации, а токму затоа го привлекува вниманието на туристите благодарение на архитектурата и богатата историја која им припаѓа на различни временски периоди.

Иако поминал многу природни катастрофи, земјотреси, многу владетели и нации секогаш клучна улога имале многуте џентлмени и оние кои се грижеле за градот да „живее“ во вистинска смисла на зборот. Скопје е познат по бурниот ноќен живот, многуте боеми и случки кои се раскажуваат од генерација на генерација.

Неспорно е дека Скопјаните отсекогаш била љубители на чашката алкохол со доброто друштво. Затоа, најголем дел од времето го поминувале по кафеаните кои ги осеќале како втор дом. Токму кафаните биле местото каде што се правеле нивните договори, каде биле најдобрите дружби кои траеле до раните утрински часови. Тие биле љубители и на добри мангупски автомобили кои денес се познати како олд-тајмери.

Сосема случајно, до нашиот медиум пристигнаа фотографии од скопските џентлмени во минатиот век, а истите може да ги погледнете во продолжение.

Скопски џентлмени низ времето

Скопски џентлмени низ времето
Скопски џентлмени низ времето

Факт е дека Скопје отсекогаш имало џентлмени и луѓе кои негуваат добри навики. Дали има џентлмени и ден денес? Иако за жал се имаат изместено многу станарди, сепак во Скопје и денес, можеби ретко, но можат да се најдат вистински џетлмени и луѓе кои го одржуваат градот во духот на добрите боемски навики.

Leave a Reply

Your email address will not be published.