Од година во година сѐ повеќе се форсира пазарување преку интернет, а откако почна светската пандемија Ковид-19 уште поголем акцент се стави на оваа бранша. Луѓето обожаваат да пазаруваат најразлични работи, па така решивме да направиме анализа кои се работите што луѓето ги купуваат на интернет.
Што се купува најмногу во рамките на ЕУ?
Според Евростат во рамките на ЕУ, интернет трговијата вклучува три работи кои луѓето најмногу ги пазарат : туристички патувања, облека и книги.
Според податоците на Евростат, објавени по повод Европскиот самит за потрошувачи во Брисел, 32% од Европејците на возраст меѓу 16 и 74 години купиле стоки и услуги преку интернет, барем еднаш годишно. Со текот на годините почнувајќи од првите истражувања во 2008 година, овој тренд расте со вртоглава брзина. Туристички патувања на интернет се интересни за цела Европа, облека и спортска опрема исто така е актуелна кај сите. Финците најмногу купуваат книги и списанија, Германците купуваат апарати за домаќинство и електронска опрема, Данците купуваат билети, а Британците купуваат филмови и музика.
Жителите на Данска, Велика Британија, Холандија и други, се над просекот кога купуваат онлајн, додека Бугарите, Романците, Литванците се под просекот.
Најчести купувачи се лицата на возраст од 25 до 34 години.
Што се купува најмногу во Македонија?
Од податоците до кои успеавме да дојдеме во Македонија откако почна пандемијата за 30% речиси го зголеми своето пазарување преку Интернет.
Македонците најмногу пари даваат за облека, потоа следат спортската и електронска опрема, а тука се и производите за домаќинство.
Продажбите растат од година во година, на што се должи ова?
Она што е пресудно кај интернет купувачите се пониските цени кои може да се начекаат многу често, а купувачите се со различни искуства.
Има такви кои купуваат редовно, но и такви кои порачуваат инцидентно. Во секој случај интернет трговијата се уште учествува со мал процент, или 2%, за разлика од развиените пазари каде учеството е над 10%.