Една од најатрактивните теми меѓу младите луѓе се акции и инвестирање во нив. Многумина сакаат да инвестираат, но сепак немаат доволно информации.
Па, токму затоа би сакале да ви пренесеме во целост текст напишан од Инстаграм профилот „Боемот“ во соработка со профилот „ДржиВода“.
Што се акции и зошто се атрактивни?
Периодов сите сме сведоци дека убедливо најпопуларна тема меѓу младите се акциите, купувањето и инвестирањето во нив. Искрено, многу ми е мило што конечно младите се освестуваат и прават просперитетни муабети. Сè е тоа убаво, но пред да инвестирате сметам дека треба убаво да прочитате што се акции и на кој принцип фунцкионираат. Токму затоа заедно со моите другари од @drzhivoda напишавме текст на оваа тема.
Зошто сите трчаат да купуваат акции? Што се акции и зошто се толку атрактивни?
Најчесто некоја компанија кога има потреба да зголеми капитал, лимитирана е со средства и бара начин како да се здобие со средства, а тоа да не е преку задолжување (Кредити).
Компанијата се одлучува да продаде дел од својата сопственост. Секоја акција е всушност документ за сопственост на дел од компанијата. Секој акционер е сопственик на компанијата. Колку повеќе акции = повеќе % од компанијата поседува. Кога ќе има поголем број на акции акционерот процентуално, има придобивка да гласа на акционерско собрание за најразлични одлуки кои компанијата ќе ги носи.
Акцијата почнува со одредена цена кога првпат компанијата ги издала. Од овој момент цената зависи од понудата и побарувачката (колку повеќе луќе сакаат да ја купат акцијата, цената ќе расте, и обратно).
Кога купувате акции на берза, вие не ги купувате од компанијата или од некој магичен бунар без дно, вие ги купувате од некој друг акционер што решил во тој момент да ги продаде.
Зошто сите купуваат акции? Едноставно – сите сакаат да бидат сопственици на успешна и реномирана компанија со светла иднина. Колку компанијата работи попрофитабилно, така ќе расте и интересот – со тоа и цената 😊
Ова е само на кратко напишано за акциите, на оваа тема во периодот кој следи @drzhivoda ќе направи видео кое ќе биде објавено на Јутуб.
Јас лично имам купено акции и често читам на оваа тема. Според мене иднината е во акциите, а начинот на живеење во светски рамки се менува па затоа мора да се прилагодиме. Истражете го пазарот и паметно инвестирајте. Капитализмот функционира.
Боемот 2.0 (во соработка со ДржиВода)