Со тренинг од четири минути до максимално исцрпување и фит тело

Сакате да ослабете и да сте во форма, но постојано барате изговори? Доколку и вам ве „мачи“ недостатокот на време како клучен фактор за да бидете фит, овој тренинг кој трае само четири минути може многу да ви помогне.

Овој краток тренинг може да се направи секаде и ќе ви помогне да согорите до 600 калории. Вклучува многу едноставни вежби за кои не ви е потребна опрема – дигалки за скокање, стомачни, склекови и лунги.

Инаку, овој тренинг кој трае четири минути е создаден како дело на фитнес тренерот Џим Сарет. Тој смета дека на овој начин ќе им помогне на луѓето кои не можат да се натераат да одат во теретана и да посветат малку повеќе време на фитнесот. Сарет додава дека вака на едноставен начин може да останете во форма или да изгубите тежина.

„Со помош на мојот тренинг со сигурност ќе согорите 600 калории за само четири минути. Иако е идеално да се одработи за толку краток временски период, тренингот многу зависи од вашата лична состојба, кондиција или форма“, објаснува Сарет.

Тој исто така истакна дека оние кои првпат по долго време ќе се свртат кон вежбање, ќе им биде потребно да поминат две минути на една вежба.

„Ако сте фит, можете да го завршите тренингот за две минути, но можете да одработите и двојна сесија. Ако го пробувате за првпат можеби ќе направите само една вежба за две минути, но важно е да останете мотивирани и посветени на себе и на вашата благосостојба. Напредокот ќе дојде сам по себе, како што поминува времето“, објаснува тренерот.

Во продолжение ви откриваме како изгледа овој тренинг кој трае само четири минути.

  1. Чучњеви

Веднаш по загревањето преминете на чучњеви и направете ги десет пати. Застанете во исправена положба со дланките на колковите и стапалата на ширина на рамената.

Фото: Shutterstock

2. Склекови

По чучњевите преминете на склекови кои треба да бидат правилно направени. Идеалната бројка за почеток е да направите десет склекови.

Фото: Shutterstock

3. Чекор напред

Тренингот е завршен со ваква вежба каде се изведуваат десет повторувања за секоја нога. Направете чекор напред со едната нога, а со другата клекнете, а потоа полека кренете се на почетната позиција и повторете со другата нога. Ова е една од најдобрите вежби за зајакнување на мускулите на нозете, а истовремено работат на стомачните мускули и рамнотежата.

Овој тренинг можете да го повторите со една минута одмор помеѓу сериите и ќе постигнете оптимални резултати доколку го правите дваесет минути. Многу луѓе не сакаат скокови и склекови, но како што велат стручните лице: „Тоа што не го сакате да го правите носи најмногу резултати“.

Фото: Shutterstock

4. Загревање

Како и секој тренинг, така и овој е со загревање. Соодветното истегнување е дел од овој тренинг, а така на правилен начин ќе го завршите тренингот.

Фото: Shutterstock

Се надеваме дека овој тренинг ќе ви биде од корист и ќе почнете да ги применувате овие вежби.

Извор: Машки Магазин

Leave a Reply

Your email address will not be published.