Три типа на обетки кои се вистински ИН за ова лето

Обетките се моден додаток кој често може да се најде во модната комбинација на жените, но ги носат и мажите. Според тоа обетките се разликуваат од unisex типови, до оние кои се наменети само за жените.

Оваа лето вистински моден ИН се овие три типа на обетки, а ние ви откриваме и во која модна комбинација се препорачува да ги носите:

Алка

Обетки во форма на алки во минималистичка димензија се вистински ИН оваа лето. Тие се совршен моден детал за кежуал комбинации кои вклучуваат фармерки, летна кошула и сандали на потпетици.

Овој моден додаток значително го менува карактерот на аутфитот и без него вашата модна комбинација би изгледала многу посиромашно.

gold and silver rings on pink and white striped textile
Фото извор: Unsplash.com

Бисерна обетка

Бисерната обетка е класичен моден додаток, погоден за секоја сезона, а уште една предност е во тоа што се совпаѓа во поголем број на модни комбинации.

Бисерната обетка може да ја носите доколку сакате да го истакнете вашето лице без косата, во елегантен фустан или модна комбинација која ги открива вашите раменици.

woman taking selfie
Фото извор: Unsplash.com

Егзотична обетка во повеќе бои

Персискиот стил е демоде, но мултикомпозиционална обетка во повеќе бои е вистински хит оваа сезона. Може да го комбинирате со едноставен фустан во бела боја.

Егзотичната обетка е поголема, па затоа избегнувајте да ја носите на собрана коса.

woman in blue sweater with white ribbon on her hair
Фото извор: Unsplash.com

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.