„Вистинска бомба“: Која е Бразилката со која Пике ја изневери Шакира?

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике ја изневерил атрактивната пејачка Шакира, па поради тоа ќе се разделат, а веќе стигна потврда од атрактивната дама преку социјалните мрежи.

На Пике дополнителни проблеми му направи и бразилската манекенка Сузи Кортез, која тврди дека Пике ѝ испраќал пораки за нејзиниот задник на Инстаграм, а потоа истите ги бришел за да не не го открие Шакира.

„Се дружев со поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел, а кога Пике дозна за тоа, ми побара телефонски број и ми пишуваше. Кога се вратив во Бразил, тој ми пишуваше за мојот задник на Инстаграм и потоа ги бришеше пораките. Пике ми испрати најмногу пораки, но и други фудбалери од Барселона ми испраќаа пораки“, открива Кортез.

Извор: Спорт1.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.