Здравко Чолиќ проговори какви жени најмногу му се допаѓаат

Кога ќе се спомнат термините „џентлмен“, „мангуп“, „шмекер“ меѓу музичарите на Балканот, тогаш многумина најпрво помислуваат на незаменливиот Здравко Чолиќ. Тој отсекогаш бил „Ахилова пета“ за понежниот пол, а сега и јавно проговори за тоа какви жени му се допаѓаат, каде што џентлменски кажа дека сите жени се убави на свој начин.

Харизматичен, грациозен и шармантен… Како таков не може, а да не им се допадне на дамите. Го сакаат сите генерации на понежниот пол, баби, мајки и ќерки. Циркузант, изведувач, уметник – како и да се нарекува, популарниот „Чола“ е уникатен музички феномен на овие простори.

Тој конечно сега проговори околу тоа какви жени му се допаѓаат, а во една пригода го истакна својот совршен тип:

-Секоја жена си ја носи убавината, нека има убави очи кои и го држат целото тело, нека има насмевка, нека има интелигенција, образование – изјави Здравко Чолиќ за магазинот In.

Можеби има свој тип, но овој миленик на жените во целосна смисла на зборот гледа убавина во секого. Со оваа џентлменска реченица тој продолжи да ги освојува фановите од понежниот пол.

Leave a Reply

Your email address will not be published.