Голд Фелициа направија феноменално шоу на Мажи на годината 2021 (ФОТО)

Кога сме кај џентлменските работи, можеби една од работите кои се поврзува најмногу со нив, уште од поодамна, е кабарето. Кабарето, како што знаете е симбол на џентлмените, пред се поради убавите настапи на музичките и танцови ѕвезди, на моментот на уживање во пијалокот или храната додека некој ве забавува, а вие сте секгаш дотерани на едно префинето ниво.

Така беше и овој пат на официјалниот избор на Мажи на годината за 2021. За тоа се погрижија од единственото кабаре кај нас, во организација на Голд Фелициа од Битола, кои на едно место собраа врвни уметници кои ги забавуваа гостите.

Тие што не беа дел од настанот, задолжително, ама баш задолжително морате да одите во Битола, во Голд Фелициа, секој петок и сабота и да уживате во едно врвно, светско шоу.

А еве како поминавме ние на изборот на Мажи на годината.

Голема благодарност до Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Жарко Димоски, Огнен Здравковски, Полина Тасева, Калина Ивановска и танчерите од Eat the Beat на чело со Илија Карадаковски. Оваа екипа и уште многу други, жарат секој петок и сабота во Битола, во Голд Фелициа. Вистинско шоу за очи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНЕТЕРЕСИРА: Како изгледаа добитниците на изборот на Мажи на годината 2021 (прв дел)

Leave a Reply

Your email address will not be published.