Како да се справите со најскапата работа во светот

На сите нас ни фали време. Ама многу време. Најскапата работа на светот е времето. Како и многу други луѓе сигурно сте се нашле во ситуација кога имате навистина голем број на проекти што треба да ги завршите, а време немате за сите.

Еве неколку совети што би ви помогнале да ги постигнете вашите желби.Искористете ги првите саати од денот. Искористете го првиот саат од почетокот на денот токму на овие сакани активности и што и да правите сигурно може да почека за еден час.

Планирајте однапред

Однапред дефинирајте датум кој ќе ви биде резервиран за извршување на активностите поврзани работите кои сакате да ги постигнете, дали тоа е собирање на информации за отворање на свој бизнис или чистење на гаража. Овие планирања сфатете го сериозно. Ако некој ве замоли да правите нешто друго на датумот кој сте го одредиле да ги извршувате тие активности, одбијте го.

Прашајте ги своите пријатели

Никој не може се сам да направи, и тогаш ви требаат семејството и пријателите. Немојте да се плашите да побарате помош кога ви е потребна. Затоа слободно замолете ги вашите пријатели да го причуваат вашето дете додека вие го правите вашиот деловен план. Или замолете ја вашата сопруга да ви направи вечера додека вие сте на вежбање или сл.

Искористете ја силата на волјата

Успеавте да најдете време, ама сега немате сила да работите?! Многу лесно се случува ова. Во овие ситуации вие сигурно повеќе би сакале да гледале телевизија, би одговарале на мејлови, е баш тогаш треба да се потпрете на силата на вашата волја. Не дозволувајте да си кажете дека немате волја, бидејќи сите имаме. Понекогаш едноставно ќе мора да правите тоа што во тој момент не сакате, ама тој е единствениот начин вие да напреднете.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРСИРА: Матрица Ајзенхауер за подобро организирање на бизнис времето

Leave a Reply

Your email address will not be published.