Кои вратоврски се во мода во моментов?

Сезоната на вратоврски е отоврена. Летно време, освен во исклучителни ситуации, речиси и да не носиме вратоврска. И нормално е, бидејќи е топло, и во лето се избегнуваат одела, освен ако не се ленени.

Но, во есен, оделата и вратоврските некако се враќаат на гоелма врата. И од пуст мерак, некогаш ни доаѓа да ставиме вратоврска. Многумина дури и ги отворија своите канцеларии, после месеци во пандемија и се спремни да згазат на работното место со стил. Да се вратиме на вратоврските, тие се печат на вашиот стил. Ако сте човек кој носи постојано вратоврска, тогаш овој текст е за вас. Ние ќе ви ги покажеме актуелните трендови кај вратоврските.

Многумина не обрнуваат внимание на вратоврската. Повеќето се концентрираат на оделото и кошулата, но вратоврската зборува многу повеќе за вас како џентлмен, како маж, како човек кој ја препознава модата и стилот го носи со себе.

Моделите на свилените вратоврски со дезени не излегуваат од мода

Господа, живееме во храбар, модерен, нов свет, свет во кој можеме да заклучиме дека се носиме храбро со трендовите. Вратоврските се дел од ова ново секојдневие. Тие се приклучија кој редот на оваа смела средина во која сите ние живееме. Свилените вратоврски со дезени се наоѓаат насекаде меѓу врвните британски и италијански брендови.

Значи, ако сте модерен човек со самостоен начин на размислување, ќе сакате да инвестирате во овие модели подоле. Доколку сте особено есенски расположени, Турнбул и Асер можат да понудат две сезонски понуди во форма на портокалова уредна свилена вратоврска, или класична вратоврска со пруги во зелена и тегет боја.

Ако сакате свилени вратоврски без дезени, постојат на располагање посуптилни алтернативи

Свилените вратоврски со дезени може да избор на мажите со стил во овој момент. Ние го разбираме тоа и ги охрабруваме да носат такви. Но, ако сте човек кој е дискретен, суптилен и наклонети да се внесете директно во живописнит ебои на есента, тогаш дезените не се ваша опција. Значи, ако барате да останете на сегашниот тренд, додека останувате верни на вашиот став, избравме и некои естетски едноставни опции.

“Кингсман” ги поканува џентлмените насекаде да „инвестираат во безвременска елеганција“. Свилестата вратоврска на Чарвет потекнува од француското ателје на брендот и служи како совршена опција за шик, софистицирана вечерна естетика. И, ако барате да го натопите вашиот прст во шевовите на една свилена вратоврска, Том Форд нуди едноставна вратоврска од свилена мешавина.

Плетена вратоврска секогаш ќе биде сезонски избор

Се разбира, можеби сте џентлмен кој знае што му се допаѓа, и кој го сака она што го знае и ако плетените вратоврски спаѓаат во таа категорија, тоа е стилски избор што ние безусловно би го поддржале. Плетена вратоврска секогаш ќе биде соодветна за есен и зима, така што кога станува збор за тоа кои машки вратоврски се во стилот во моментов, плетената вратоврска секогаш е во тренд особено во есен.

Кашмирската вратоврска е дефинитивно тренд

Ако не ги споменеме врските со кашмир во овој текст нема да ја направиме комплетна листата за есенски тренд. На крајот на краиштата, би претпоставиле дека сте џентлмен кој се стреми кон луксузен стил и стилски луксуз во секое време, а вратоврската од кашмир е само луксузен, елегантен стилски поздрав што ќе ве издигне помеѓу рајата. Иделана е за оние темни и студени денови.

Џентлмен Магазин

Фотографии: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: КАШМИРОТ – НЕЖНО МИЛУВА…

Leave a Reply

Your email address will not be published.