Ви го претставуваме најскапото вино за оваа година

Овој декември љубителите на виното ќе имаат единствена можност да купат колекција на вино од Domaine de la Romanee Conti 1985 Vintage, која ги вклучува едни од најретките вина во светот.

Оваа колекција на вина ќе се продава на аукција преку женевската аукциска куќа Baghera по цена од 2.1 милиони долари, а во понудата ќе има вкупно 24 флаши или поточно 12 Jeroboams и 12 Methuselahs. Како што дознавме вината потекнуваат од најценетиот италијански ресторан Enoteca Pinchiorri,кој се наоѓа во Фиренца.

Потеклото на ова вино е беспрекорно, пред се поради тоа што виното никогаш не е поместено до ресторанот, освен еднашка до сега, кога е пратено во Бургунди, како би се реставрирале тапите кои се направени од восок.

Имено подрумите на Enoteca Pinchiorri се славни и единствени и важат за едни од најубавите во светот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Што никогаш не пијат вистинските џентлмени на состанок?

Leave a Reply

Your email address will not be published.