Без разлика дали станува збор за бизнис состанок или за средба со блиски луѓе, вистинските џентлмени никогаш не пијат кафе.
Кафето служи за отстранување на утринската поспасност или враќање на енергијата по исцрпниот ден.
Од таа причина, се смета за пијалок кој е нужен и кој треба да се испие „на нога“.
За важни состаноци е неопходно да се избере пијалок кој се пие подолго време и прави ужиток.
Тој треба да е доволно хедонистички, во умерени количини и ефикасен, односно една доза (или дупла) треба да трае долж целиот состанок.
Што вистинските џентлмени пијат на состанок?
- Виски со коцка мраз
Најчест избор на пијачка за состанок на џентлмените е виски со една коцка мраз, без дополнителна чаша вода или сок.
Обично во вискито не се додава многу мраз бидејќи кога тој ќе се истопи останува вода која го влошува значително вкусот и интензитетот.
- Бело вино
Виното е пијалок на боговите, а вистинските џентлмени секогаш целат високо и се огледуваат на високи вредности и идеали.
Но додека црвеното вино е пијалок на дамите, белото вино е чест избор на пијачка кај вистинските џентлмени.
Белото вино се пие во умерени количини, има поинтензивен вкус од црвеното вино и соршено се комбинира со бело месо и риба.
- Рум
Егзотичен пијалок кој не е по вкусот на многумина, но некои џентлмени често избираат да пијат рум.
Се служи во стилски изработени ниски чаши, може да се пие без мраз или други додатоци како кока-кола или вода.
© Фото: Freepik.com
Можеби ќе ве интересира: