Грижете се за вашите чевли дури и кога сте на брзање

Чевлите се огледало на еден маж. Тоа отсекогаш било така. Маж со неуредни чевли нема добар углед, ниту пак важи за маж со стил. Кога сме кај грижата тука пред се мислиме на полирањето. Верувајте, знаеме дека немате време, дека сте во брзање од 7 наутро до 23 навечер. Деновите одминуваат брзо, утрата не ги приметуваме, и оп од никаде ќе приметиме дека чевлите веќе ни се распаѓаат и дека ќе треба да се оди на нов шопинг.

Или пак само што ќе искочите од дома на некоја формална (може и неформална) средба, дотерани од глава до глужд (без пети, зошто збориме за чевлите), ќе приметите дека чевлите не ви се во најдобра форма и оставаат дамка на целосниот ваш одличен стајлинг.

Затоа пред излегување од дома, без разлика колку е итно и нема време, фрлете еден поглед кон чевлите. Водичот подоле е долг само една минута. Значи од 1440 минути во денот, една минута не е тешко да одвоите за да ги погледнете вашите чевли и да исполирате. Следете внимателно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ЏЕНТЛМЕНСКИ, ВО СТИЛОТ НА ЏЕЈМС БОНД – ЗАВРШНИЦА СО CROCKETT & JONES ЧЕВЛИТЕ

ФОТО: CROCKETT & JONES

Leave a Reply

Your email address will not be published.