Добри кожни ракавици се вистински моден додаток кај мажите зимава

Кожните ракавици како и во минатото, така и сега се одличен моден додаток на змискиот моден стил кај мажите. Тие се обележје на оние маќи кои имаат стил, мажи кои ваќат за џентлмени. Секога, ама баш секогаш, оние мажи кои имаат на сбе капут, шал и ракавици, па дури и шешир на главата, важат за вистински џентлмени со својот изглед и пленат каде и да се појават. Сте приметили дека во Скопје има уште вакви луѓе, кои дури и на пазар се облекуваат така?!

Ракавиците знаат да бидат супер моден додаток во зимата. не само што ве штитат од ниските температури, тие ви даваат дополнителна вредност на изгледот. Има повеќе видови на ракавици, зависно од пригодата. Има ракавици кои се за возење, ракавици за шетање, ракавици за на одело, за снег, и така натака.

Низ годините тие станале статусен симбол. Не знаеме дали приметувате, но буквално во секој моден аксесоар се гледа статусен симбол кај мажите.Интересно е сето тоа. Се гледа кај чорапите, кај шалот, кај часовникот, кај шеширот, капата, па и кај ракавиците.Еве неколку модели на ракавици кои со сигурност ќе посакате да ги имате.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ЏЕБНОТО ШАМИЧЕ, НЕИЗОСТАВНО И ВО СТАРО ВРЕМЕ И ДЕНЕС (I дел)

Leave a Reply

Your email address will not be published.