Елек, важно модно парче за еден господин (ФОТО)

Доколку сте господин кој често ја следи модата, сигурно сте забележале дека мажите повторно ги носат елечињата. Елечето е модно парче кое најчесто го поврзуваме со постарите или што би рекле со достоинсвените господа. За еден господин да сака да изгледа специфично, верувајте дека елечето е вистинскиот избор. Ние од Џентлмен Магазин сме големи фанови на елечињата и навистина сакаме да бидат се повеќе присутни. Без разлика дали сте млад или постар, треба да бидете свесни дека постојат неколку основни правила за да го носите елекот правилно.

Елекот треба убаво да легне на вашето тело и да биде доволно долго за да ја покрие вашата половина. Страничните делови и делот кај грбот треба да бидат скратени малку повеќе со што на моменти би се појавувала вашата кошула. Уште една многу важна работа кога носите елек е под него да носите слим фит кошула која ќе може лесно да ја вметнете во половина и да се избегне превиткувањето на ткаенината на вашата кошула. Рамениците на вашиот елек треба секогаш да лежат рамно.

Доколку елекот го носите со костум, тогаш секогаш гледајте V формата на елекот да биде потесна за да не биде целосно покриен со реверите од вашиот костум. За секој оној кој има во план да носи елек, секогаш треба да има на ум дека последното копче од елекот секогаш треба да биде откопчано. Традицијата на елечињата е поголема од 100 години, а правилата речиси до ден денеска се исти, освен што во денешно време елечињата се носат и во кежуал варијанта.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ТРЕНЧКОТ – „РОВОВСКИ КАПУТ“ ЗА МОДНО ИЗРАЗУВАЊЕ, ЗОШТО ДА НЕ (I дел)

Leave a Reply

Your email address will not be published.