Какви последици имаат мажите доколку подолго време немаат секс?

Научниците имаат добра причина да тврдат дека сексуалната интимност е една од најважните компоненти во животот на човекот. Иако можеби не сте свесни за тоа, кога престанувате да водите љубов, во вашето тело се случуваат одредени процеси.

Погледнете за какви последици станува збор.

Се зголемува нивото на стрес

Сексот е природен метод за ослободување од стрес, па ако се наоѓате под иста доза на стрес од околината, а немате секс за да се опуштите, стресот ќе почне да се одразува. Тоа особено важи за мажите. За време на сексуалниот однос телото произведува ендорфини и окситоцин, хемикалии што ве опуштаат и ве прават среќни.

Меланхолија и чувство на депресија

Покрај уживањето во физичкиот чин на сексот, контактот кожа на кожа со друг човек е примарен начин на утеха и смирување за луѓето. Сексуалната врска, со многу допирање и галење може да помогне да го регулираме расположението. Ако ви недостига „човечки допир“ може да се чувствувате потиштено и меланхолично. Ова не значи дека ако сте психофизички здрава личност без секс ќе паднете во депресија, но отсуството на сексуален партнер може да направи да се чувствувате депримирано.

Опаѓа имунитетот

Иако немањето близок контакт со други луѓе може да ја намали изложеноста на вируси и бактерии, една страствена ноќ прави чуда за кревање на имунитетот. Научниците од Универзитетот Вилкс-Бар во Пенсилванија открија дека луѓето кои имаат секс еднаш или два пати неделно имаат за 30% повисок имуноглобулин А (IgA) во споредба со оние кои имале секс поретко или воопшто немале секс.

Кај мажите се зголемува ризикот од еректилна дисфункција

Нередовниот секс кај мажите може двојно да го зголеми ризикот од еректилна дисфункција во споредба со мажите кои имаат секс најмалку еднаш неделно, покажа истражување објавено во American Journal of Medicine. Авторите на истражувањето велат дека сексот најверојатно помага да се зачува цврстината на пенисот на ист начин како што вежбањето помага да бидат стегнати други делови на телото.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Што сакаат мажите најмногу кај својата партнерка

Leave a Reply

Your email address will not be published.