Како правилно да носите чорапи

Прво треба да разјасниме дека не ви е потребен некој посебен водич за тоа како треба да носите чорапи, но мора да знаете дека тие претставуваат важен моден детал кој некогаш не го приметуваме. Чорапите се едни од најосновните парчиња на долна облека. Покрај фактот дека никој не заборава да облече чорапи наутро, зошто да не ги носиме и чорапите, онака со стил.

Белите чорапи се исклучително само за спорт

Можеби постои опција во која белите чорапи се носат надвор од спортските активности и модата, но ние не можеме да се сетиме. Доколку вие ја знаете, споделете ја. Бела чорапа, пак ќе кажеме дека се носи само на спортски активности.

Елегантен чевел секогаш оди во комбинација со елегантна чорапа

Ако планирате да носите елегантна чевла, костум или слично, никогаш не облекувајте спорстка чорапа, без разлика каква боја се. Не е важно дали се чорапите црни, важен е материјалот. Спортските чорапи се обично подебели, а за комбинација со костум одберете потенки, фини модели.

Бојата на чорапите комбинирајте ја со панталоните, а не со чевлите

Бојата на панталоните секогаш комбинирајте ја со бојата на чорапите. Црните панталони бараат црна чорапа, додека кафените бараат кафена. Истото важи и за сивата и сината боја. Ако се двоумите околу нијансата, секогаш одберете малку потемна боја од таа на панталоните, помала е веројатноста дека ќе погрешите.

Почесто купувајте нови модели на чорапи

Купувајте нови чорапи на секоја половина од годината. Веројатно не треба да купувате цела нова колекција, но барем пробајте да купите неколку нови модели. Никогаш не можете да знаете во каква ситуација ќе се најдете и дали ќе мора да ги соблечете чевлите, и верувајте, не би сакале да ви излегува прстот од чорапата. Затоа, отстранете ги носените и бледи модели на чорапи.

Не ги кревајте или пак спуштајте чорапите

Ако ги завиткате чорапите, тоа може да изгледа поудобно отколку да ги кревате, но на крај нема да чувствувате убаво во комбинација со панталони. Чорапите на оделата, треба да се повисоки и да не ви се гледа голо месо.

Носете чорапи со шарен дизајн

Чорапите со шарен дизајн или пак со вашиот омилен јунак од цртаните филмови, се одлични, “за по дома”. Ако носите такви чорапи на работа или пак на дејт, луѓето ќе ве сметаат за незрела личност. Тие ќе ве сметаат за несериозна личност.

Чорапи и сандали – НЕ!

Најлошата работа која може да ви се случи е комбинирање на чорапа со сандала. Не помислувајте на такво нешто, а камо ли па да ги носите.  Уште една важна работа која треба да ја знаете е дека не треба да носите високи чорапи во комбинација со кратки панталони. Затоа, гледајте да купите што повеќе модели на кратки чорапи за во лето.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: КАШМИРОТ – НЕЖНО МИЛУВА…

Leave a Reply

Your email address will not be published.