Како правилно се носи одело

Знаете дека сме експерти за мажите и џентлмените и дека за ваше добро го правиме сето ова. Имаме тема која е болна за сите нас, особено кога некој носи одело, а не знае како се носи. Како правилно се носи одело? Дали постојат правила?

Секако! Едно од правилата е во носењето на оделото е неговото закопчување. Затоа доаѓаме до прашањето како правилно се носи одело?

Без разлика што комбинирате, дали дводелно или троделно одело, дали блејзер и чино, или пак фармерки и спортско сако, сите знаеме дека оделото не треба да виси на нас како на закачалка. Не треба да е број поголемо, или па број помало. Сите знаеме дека треба да биде впиено во нашиот струк доволно за да изгледаме добро, но и за да дишиме како што треба. Панталоните треба да се до глужд или малку под него, и никако да се влечкаат и да бришат прашина. Треба да комбинираме нови современи обувки согласни стилот, а не нешто ретро и надвор од мода. Глужд може да се гледа, но не со дводелно и троделно одело…

Сликата кажува многу повеќе од нас.

Како правилно се носи одело

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Краток водич за вратоврските

Leave a Reply

Your email address will not be published.