Краток водич за вратоврските

Вратоврската е првата работа што другите ја забележуваат. Таа отсекогаш важела за моден детал кај мажите кој давал посебен изглед. Вратоврската, може многу да го промени вашиот изглед. особено кај оние кои немаат многу одела, па со промена на вратоврската можат да доловат изглед на комплетно различен стил.

Еве неколку работи за вратоврските кои треба да бидат ваш водич во креирање на стилот.

Должината на вратоврската е многу битна.

Без разлика дали сте висок или низок, вратоврската гледајте да биде со должина до вашиот каиш. Освен ако не носите краток костим за работа, тогаш нека биде вратоврската до папокот.

Битна е и ширината.

Доколку носите некоја поширока вратоврска, би изгледале како некој старомоден политичар. Со потенка вратоврска, може да изгледате добро. Но, со онаа измеѓу овие две ќе имате врвен изглед.

Вашиот јазол не треба да биде многу напумпан.

Ниту премногу голем, ниту премногу мал, ниту пак премногу совршен. Научете го тоа, никогаш не го заборавајте! Тоа е убавината на италианската мода.

Правилно врзувајте ја!

Опуштено и лесно, а сепак многу дрско. Безвременски стил. Бидете кул! Лабавиот јазол некогаш знае да изгледа доста стилски. Понекогаш заборавете на цврстите јаки, нема ништо опуштено за нив.

Земете вратоврски од повеќе бои, и носете ги да ви се совпаѓаат со годишните времиња.

Немојте да заборавите и на лептир машните.

Црна лептир машна како што знаете е поим за елеганција. Но, сепак треба да се носи во свечени прилики. Доколку сакате да изгледате малце поразлично, има некои нови стилки памучни лептир машни. Не е работата да изгледате како “бубалица” , поентата е да бидете кул. А, со лептир машна тешко дека ќе бидете кул.

Шнолата на вратоврската секогаш треба да биде помеѓу третото и четвртото копче од вашата кошула.

Никогаш вашата шнола нека не биде поголема од вашата кравата.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Модните аксесоари откриваат со каков профил на маж имате работа

Leave a Reply

Your email address will not be published.