Ако сте личност која што сака да го истражува светот, немојте да се чудите ако сретнете голем број на Британци, бидејќи според последните истражувања, британците се нација во Европа која што најмногу патува.
Иако ситуацијата во Британија е се повеќе и повеќе неизвесна финансиски, пред се поради Брегзит, сепак тоа не ги спречува жителите да патуваат. Според ова истражување британците навистина сакаат да го истражуваат светот, особено Европа. Иако сме во глобална пандемија, они се број еден.
Позади британците, нација која најмногу патува во Европа се шпанците. Освен што многу патуваат, Шпанија е земја во која најмногу одат туристите од Европа. Ем добри домаќини, ем и добри гости.
На третата позиција се најдоа французите кои исто така се љубители на истражување и откривање на нови дестинации.
Нормално, овие сите нации се богати и можат да си дозволат, а дали знаете како еден просечен македонец оди на одмор?