Во втората сезона на Џентлмен Магазин, започнуваме со една многу интересна личност. Лазар Гечевски, поранешен директор на Агенцијја за енергетика, и комесар за натпревари во КФСМ. Лазар Гечевски е човек кој зборува за масонеријата, за тајните друштва. Интересна тема која со сигурност многумина од вас ќе сакаат да ја слушнат.
Според Лазар Гечевски, сите ние треба да оставиме траг во животот, по кој ќе не паметат. И таа филозофија, искрено ја прифаќаме. Таа филозофија е дефинитивно филозофија за секој од нас, без разлика што и да правиме во животот.
Во оваа втора сезона имаме и уште еден новитет “Школа за џентлмени“. Нашиот водител Жарко Димоски ќе ве одведе во светот на модата и стилот, на бон тонот, на добрите навики. Започнуваме денеска со интересна тема следете не.
Затоа вечерва од 21:20 бидете на МТВ1 и гледајте нова сезона, со нови моменти. Бидете џентлмени и негувајте добри навики.
Продукција: Фрајдеј Комуникации
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Започнува втората сезона на Џентлмен Магазин (ВИДЕО)