Лекции за стил кои можете да ги научите од филмот ‘The Gentlemen’

Уште во првиот момент кога ќе го пуштите филмот на Гај Ричи “The Gentlemen”, ќе забележите дека станува збор за вистинско ремек дело од повеќе страни. Прво ќе се соочите со една непредвидлива приказна, а потоа ќе видите дека актерите во филмот се перфектно облечени од глава до пети.

Ганстерските филмови како Godfather, Scarface, The Irishman се филмови кои се карактеризираат со добар стил и елеганција. Истото тоа го направи и Гај Ричи во неговата џентлменска приказна, но на еден помодерен начин.

Освен што Мики Пирсон е крал на канабисот во Англија, фер е да се каже дека тој има навистина добар стил. Тој ги прифаќа класиците на машка облека и сите нејзини елементи.

Додека Мики Пирсон го негува формалниот и џентлменски стил, неговите непријатели се одлучуваат за нешто покежуал варијанта. Погледнете ја оваа слика овде, кафеава кожна јакна со крзно јака во комбинација со класична црна ролка. Одлична модна комбинација од кежуал и формални модни парчиња.

Со сигурност може да се каже дека Флечер е вистински уметник. Кога станува збор за стилот, тој оди многу подалеку од неговата возраст. Тој во филмот се појавува во кожени јакни. Она што го прави неговиот стил специфичен се очилата со порализирани леќи кои се одличен тренд за постарите господа.

Реј е најкул бизнис фигура што ја видовме во филмот. Како Мики, така и тој го комбинира формалниот стил на едноставен и совршен начин. Тој се држи до традиционалните британски модни парчиња и костуми.

Како за крај не смееме да го заборавиме Тренерот. Колин Фарел игра навистина важна улога во филмот, но сепак тој е облечен спортски, или традиционално за британските хулигани.

Во однос на приказната, The Gentleman можеби нема да добие Оскар, но тоа е вистински рај за машкиот свет и оние кои сакаат да негуваат добар стил.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Тајната на добриот стил на агентот Џејмс Бонд

Leave a Reply

Your email address will not be published.