Личност која ја одбележа 2021 година

Изминатата година беше тешка можеби потешка од 2020 кога и започна пандемијата со Ковид 19 низ светот. Но, во секоја тешка година има некоја светла точка која го одбележува периодот во таа година. Во 2021 година една од личностите кои успеаа да направат позитивна промена и да станат глобален хит е Каби Ламе.

Овој италијан, со потекло од Сенегал, стана глобално познат преку ТикТок за само една година. И тоа растури. Овој млад италијан, има невиден хумор, за кој не треба зборови, туку со мали гестикулации, покажува зошто да биде толку комплицирано се, кога може се да биде едноставно.

Неговиот хумор на ТикТок го вивна во облаците, и го направи втор профил со најмногу следбеници. Верувале или не тој има 123.5 милиони следбеници. Со само едно трепнување, тој стана позната личност, која се појавува на најголемите светски настани, со најголемите ѕвезди во светот на едно исто место.

Вакви ликови се позитивно изненадување за сите нас, и венсуваат ведрина и хумор во нашите животи.

ФОТО: Facebook

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 6 начини како да направите позитивни промени во 2022 кај секој од вас

Leave a Reply

Your email address will not be published.