Мажите кои најмногу влијаат на машката модна индустрија

Иако може да се каже дека дизајнерите, уредниците и стилистите го формираат и го водат машкиот стил во светот, сепак постојат неколку личности кои што ги носат стиловите поблиску до клиените. Сега, во ерата на социјалните медиуми, овие факти никогаш не биле толку очигледни. Машките модели во светот имаат поголемо влијание во светот денес отколку кога било досега. Што значи дека ако сте маж кој сериозно го сфаќа својот стил, императив е да знаете кои се тие.

Давид Ганди е еден од најистакнатите машки модели денеска. Човек кој се држи до класичниот машки стил и формалните модни комбинации.

Шон Опрај има навистина високо профитабилна кариера, тој е модел за најголемите модни имиња на светот.

Во последниве години, социјалните медиуми донесоа нова платформа во светот на модата. Смит е во изминатата деценија во врвот на модната индустрија, а доказ за тоа е  3,3 милиони следбеници кои што тој ги има на Инстаграм.

Ниту еден список на машки модели не може да се смета за целосен, без вклучување на шпанскиот крал на стилот Џон Кортајарена.

Уште еден машки модел кој е лидер во машката мода во светот. Станува збор за Оливер Чешир кој е заштитно лице на голем број на машки брендови кои поради него ја зголемиле продажбата за неверојатни 50%.

Симон Несман е канадски модел кој честопати се наоѓа пред објективот на некои од најголемите фотографи на модната индустрија, а неговиот список на клиенти е полн со најголемите дизајнери на индустријата.

Познато лице на модната сцена во Лондон, Ричард Биедул е човек кој знае добро да се облече, но не се плаши од ризици. Можеби е поранешен адвокат, но кога станува збор за модата, Ричард важи за вистински експерт.

Германскиот модел Јоханес Хубл има вистински успех во модниот свет. Сето ова се должи на навидум без напорна работа и труд за грижа на стилот и способност да ги направи дури и најосновните модни парчиња да изгледаат соодветни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ТРЕНЧКОТ – „РОВОВСКИ КАПУТ“ ЗА МОДНО ИЗРАЗУВАЊЕ, ЗОШТО ДА НЕ (I дел)

Leave a Reply

Your email address will not be published.