Постои една работа која може да го да го уништи или да го поправи машкиот впечаток и стил за секунда. Да, тоа се чевлите! Погрешниот избор на чевлите може комплетно да ја уништи дневната комбинација, дури и да сте ги искомбинирале најдобрите модни парчиња.
Сепак не се само чевлите оние кои може најмногу да го уништат впечатокот, тука може да влезе и часовникот. Од сите модни детали, некако часовникот секогаш се издвојувал. Зошто? Пред се поради тоа што часовникот е виситнски показател за вашиот животен стил, често и за вашиот статус и вашите навики.
Часовникот влегува во онаа невербална комуникација која денеска е од особено значење. Часовникот има моќ да ја покаже вашата автентичност не само со тоа како изгледа, туку и со начинот на кој го носите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Украдете ги овие модни совети од Италијаните