Ролката е задолжително парче гардероба за секој маж. Секој мора да има во неговиот гардеробер, минимум две ролки во разни бои и дезени.
Ролката е можеби најдобрата комбинација на мажите во сезоната пред нас. Се комбинира секако. Дали се работи за деловно облекување или пак некоја кежуал варијанта таа е прав избор во секое време. Комбинацијата со добар костум може да биде нешто одлично. Ролката е едно од безвременските машки парчиња на гардероба за есенските и зимските месеци. Се карактеризираат со непроменета елеганција и софистицираност и се неверојатно разновидни. Без разлика дали ќе носите ролка со фармерки, костим, комбинација од палто / панталони, секогаш ќе додадете допир на префинетост.
Ние си сакаме да си ја носиме со добро сако на пример.
Денеска е петок, или Casual Friday и можете да направите неколку едноставни комбинации на темата.





МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРСИРА: Кои вратоврски се во мода во моментов?