Неколку начини како да создадете перфектен гардеробер

Секој маж сака разновидна гардероба што не бара размислување. Вид на гардаробер што има се што ви треба за секоја прилика, кога и да ви треба. Еве неколку совети како да го направите тоа:

Треба да знаете каде да трошите, а каде да штедите

Ако можете да си дозволите луксузни вратоврски и чорапи, тоа е одлично. Но, за основните работи, нема потреба да трошите цело богатство. Препорачливо е вашите пари да ги заштедите на обувки, горна облека, додатоци.

Обновете ги вашите модни додатоци

Обезбедете си ексклузивен часовник и некој паметен часовник, едни Persol очила за сонце. Ова стартер пакет за секој маж кој сака да се грижи за себе и својот изглед.

Потребни ви се само 3 ремени

Секојдневен кожен кафен ремен кој би изгледал одлично со фармерки, кафен кожен ремен во комбинација со вашиот костум и црн кожен ремен за елегантен смокинг.

Приоритет на вашето купување да биде она што ќе го носите почесто

Секојдневно би носеле очила за сонце и часовник, вашата облека и обувки за таа сезона. Обезбедете си секојдневна облека најпрво, па после сезонската.

На неколку месеци менувајте ги вашите износени чорапи, долна облека и маици

Потребни ви се само 3 добри бели кошули

Само ако не носите косум и вратоврска секојдневно во канцеларија, ви треба обична бела памучна кошула која би ја носеле со некоја кежуал комбинација, бела ленена кошула за кога ќе бидат високи температурите и една елегантна бела кошула која би ја носеле со костум или смокинг.

Потребни ви се 2 добри часовници

Кежуал часовник за во канцеларија и за вечерни излегувања, и еден часовник за свечени прилики и настани.

Секоја година купувајте по еден пар тексас фармерки

Ќе соберете одлична колекција фармерки, од најсветли до најтемни што ќе може да ги комбинирате со секакви кежуал варијанти.

Не претерувајте со скапите работи

Купете еден скап капут, не три. Истото правило важи и за чевлитe. Како што би рекле, квалитетот над квантитетот. Но, чевлите се многу важни, не заборавајте. Тие се ваше огледало.

Посетувајте често кројач

Ако нешто не прилега одлично, однесете го на кројач. Обично тоа се костумите и сакоата, а ќе бидете изненадени како вашиот кројач ќе направи разлика и ќе ви прилегаат совршено.

Горниот џеб на сакото погрижете се да биде едноставен и незабележлив.

Прескокнете го црниот костум

Заменете го црниот костум за костум со морнарско сина боја или сива. Така ќе добивате многу комплименти и сите погледи ќе бидат вперени во вас.

Потребни ви се 6 пара чевли

Црни чевли, кафени чевли, мокасини, бели кожни патики, бели платнени чевли и добри патики за трчање.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Што секој маж треба да исфрли од гардероберот?

Leave a Reply

Your email address will not be published.