Се бараат џентлмени во Македонија

Во нашата држава постои една стагнација во развојот на целокупното општество. Стагнација во негување на добрите навики. А, постои галопирачка инвазија на некултура, простотилук и љубомора.

Погрешен правец сме фатиле дефинитивно. Наместо да се насочиме кон убавите и добри навики, ние се уназадуваме. Македонија има потреба од џентлмени. Има потреба од културни и воспитани луѓе, луѓе кои знаат да почитуваат и ценат, кои знаат да бидат луѓе со чест, луѓе од збор. Луѓе кои имаат добри навики.

Приметувате дека постојано го комуницираме зборот добри навики? Тоа е затоа што сме заситени од она другото кое го пишавме погоре.

Сакам да ве прашам вас, читателите на првиот онлајн магазин за вистински џентлмени кај нас. Кога последен пат сте виделе џентлмен кај нас? Дали го препознавте? Дали успеавте да видите како се однесува тој човек? Искрено мислиме дека многу од вас тоа го виделе на филм. Ретко во реалноста.

Но, тоа е така бидејќи никој не сака да започне да учи како треба, а да го отфрли она како не треба.

Многумина ќе речат дека џентлмените се загрозен вид. И ќе бидат во право. Но, зошто секој од вас не би посакал да биде културен? Да биде учтив? Да го почитува туѓото и да го цени своето. Кога ќе го направите тоа, и вие ќе влезете во светот на џентлмените.

Се прашувам дали дневно бар еден од вас, знае да направи еден убав гест. Дали знае да отвори врата на жена? Дали знае да каже извини? Да каже добро утро, добар ден. Дали знае да почека и да им даде предност на оние кои излегуваат? Дали знае да ја цени жената? Пробајте да направите нешто убаво. Пробајте да бидете вие промената на целото општество.

Македонија има реална потреба од ЏЕНТЛМЕНИ. Да и помогнеме и да ја вратиме оваа раса која е во изумирање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Дневен водич за вистински џентлмени

Leave a Reply

Your email address will not be published.