Симеон Мони Дамевски: Посакувам да се вратам на Оскарите, но на сцена со мој филм (ВИДЕО)

Симеон Мони Дамевски, македонскиот филмски работник, директор на филмскиот фестивал Манаки, беше гостин во првата сезона на Џентлмен Магазин. Мони претставува олицетворение на луѓе со искрена и чиста мисла и енергија.

Уште од млади години се гледал како научник, но кариерата го води во светот на филмот и уметноста. Заминува за САД, каде започнува своја актерска кариера, кариера која за жал поради болест ја прекинува. Глумел со Мајкл Џ. Фокс и ред други познати актери. Ден денеска е во светот на уметноста, но сосема во друга улога.

Во неговата листа на желби посакува да се врати на оскарите, со свој филм. Искрено се надеваме дека ќе му се оствари желбата, знаејќи за каков работник посветен на уметноста се работи.

Мони оваа година ја доби наградата за Маж на годината со најголем придонес во културата. На сцената изгледаше врвно, баш онака холивудски. Секоја чест за Мони, кој покажа како треба да се изгледа на еден ваков настан.

Популарниот Мони, изгледаше светски, мораме да признаеме. Облечен во црн смокинг со бордо лептир машна и појас во истата боја, со одлични елегантни чевли. Вистински холивудски џентлмен. Секоја чест. Симеон Мони е исклучително пристоен и важи за човек со светски џентлменски манири.

Дознајте за Симеон Мони Дамевски повеќе од неговото интервју или гостување во Џентлмен Магазин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Како изгледаа добитниците на изборот на Мажи на годината за 2021 (ПРВ ДЕЛ – ФОТО)

Leave a Reply

Your email address will not be published.