Сингл фраери или во врска, што е тренд во светот?

Сите сакаме лесен филм на тема романтична комедија, каде во два часа тематика момчето ја брка девојката низ секојдневни комични ситуации, каде на крајот сепак завршуваат заедно, дали со свадба или нешто повеќе. Сите сме задоволни на крај од филмот и неговиот позитивен среќен крај. Но, никоја не кажува дека по свадбата доаѓаат вистинските предизвици, каде во Западниот свет разводите веќе опфаќаат 50% од сите бракови стекнати во овие земји. Што значи исто тешко е задржување на врската после бракот, односно пола пола е шансата за долг брак или развод.

Низ животот неколку пати миксаме низ периодите на врска или сингл моменти, затоа што не е нималку лесно одржувањето врска со понежната половина, а за тоа што се не влијае врз разводот во некоја друга статија. Имајки го тоа на ум, дека 50/50 се моментите сингл/врска, нејасно е зошто околината осудува, односно нема многу толеранција кон сингл светот. Околината верува дека сингл животот е неуспех, и вреднувањето на одржување врска по секоја цена стои секогаш многу високонад изборот да се биде сингл.

Но што ако сингл животот е добар избор за некои мажи, и носи добар живот на слично ниво како и изборот за живот со партнерка?

Налетавме деновиве на една анализа на темава, каде познат психијатар за мажи, доаѓа до разговор на оваа тема за убавата слика на сингл живот. Неговиот клиент, кој по подолго бркање на одредена позиција во компанијата која работи, стига конечно до неа и се зацврстува со добра заработка и кариера каква што посакува. Но истиот живее со својот другар цимер, и нема посериозна врска, тема која почнува полека да го стиска поради притисоците од околина, затоа што нели сите мора да целат кон врска. По неколку среќавања со психијатарот, и детални разговори како во неговиот живот немал стабилна врска последниве 6 години, и имал само неколку кратки гледања дали со колешки дали преку онлајн дејтинг апликациите, заклучокот бил дека сингл животот му носел повеќе среќа од врската. Доволна била кариерата, групата пријатели која била секогаш достапна, фамилијата која не притискала, и секако хобито возење мотори кои не било загрозено од некоја друга активност како на пример врската. Светот полека почнува да прифаќа дека понекогаш сингл животот знае да биде доста подобра опција од врската за некои мажи, и тука нема ништо чудно околу тоа.

Психијатарот вели дека доста често на неговите предавања знае да побара листа на прос/предности на сингл животот и на животот со партнерка. И многу често предностите на овие листи се со слична должина односно бројка, и светот повеќе не треба да го занемарува овој факт. За секоја предност под имање партнер во заедничкиот живот, доаѓа контра предност на тема слобода во живеењето сингл. Имено, слободата е најчест пример во предностите во живот сам со себеси. Оваа карактеристика секогаш е занемарена од околината која често знае да осуди мажи на постари години кои немаат долгогодишен план за семејство.

Психијатарот (или психолог) Dr Anthony Storr во неговата книга, Solitude, на комичен начин ја комуницира тезата  “Man was not born for love alone” наведувајќи ги сите контра факти на убавините на сингл живот кај одредена група на мажи. Во културата сеуште доминира тезата дека взаемниот живот со партнерка ги решава сите проблеми во животот, и самата помисла на сингл живот носи негативни последици кон мажот и кон неговите најблиски. Но полека современите размислувања пркосат на оваа теза, и голем број на примери и анализи како овој погоре, прават баланс во размислувањето на околината.

Со други зборови, сингл животот кој сме го избрале затоа што ни прилега повеќе од другата опција и ни носи слобода, може подеднакво да биде исполнувачки и да носи среќа, како што носи животот во врска за некои други мажи. Пример за ваков начин на живот имало и во минатото, каде голем број на научници и уметници наоѓале задоволство во сингл животот исполнет со работа, креативност и  self-expression, без партнерка во нивниот живот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Што никако не треба да изберете за пијалок на прв состанок

Leave a Reply

Your email address will not be published.