Првиот состанок може да биде многу стресен за секој од нас, особено затоа што сме свесни дека првиот впечаток е многу важен за целокупното мислење што ќе го стекне нашиот партнер за нас.
Првиот состанок не е нужно врзан со потенцијалната љубов, напротив може да станува збор за пријателски или за бизнис состанок.
Во кој било од трите случаи, немој да правите грешка со порачка на пијалок кој нема да ви направи услуга во намерата да оставите добар впечаток.
Мартини
Џејмс Бонд, агентот 007, уште многу култрни имагинарни ликови не учат дека мартинито е машки пијалок, што е апсолутно погрешно.
Мартинито има мала концентрација на алкохол, сладок вкус и се служи во посебна чаша која е предвидена за женските прсти.
Ако сакате да оставите впечаток на сериозен и отмен маж, мартини не е избор за пијалок на прв состанок, колку и да уживате во него инаку.
Вино
Никако не порачувајте големо шише со вино бидејќи на тој начин ја детерминирате волјата на другиот.
Направете слободен избор со сингл пијачка по ваш вкус. Шишето со вино освен што наметнува волја на другиот, е поголема количина на алкохол која може да ви направи промени во свеста.
Прв состанок не е време кога треба да ги покажете вашите слабости што може да испливаат на површина под дејство на алкохол.
Светло пиво
Светлото пиво предизвикува хипогликемија, што значи дека за брзо ќе бидете многу гладни доколку пиете светло пиво.
Наместо да го потрошите првиот состанок на уживање во алкохолен пијалок или прекумерено јадење, може да порачате темно пиво.
Темното пиво содржи поголема концентрација на алкохол, но обично се служи во помали амбалажи и содржи шеќери кои ќе ги задоволат вашите апетити. Згора на тоа, изгледа подобро во чаша одошто светлото пиво!
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com