Спортови кои не сте ги слушнале досега, а мора да ги пробате

Фудбал, кошарка, тенис… тоа се оние хобија кои секој од нас речиси ги практикува. Но, постојат некои спортови или активности за кои досега не сте слушнале, но мора да ги пробате.

Сите називи на овие спортови се на англиски, зошто стварно не знаеме да ги преведеме.

Ultimate Frisbee

Можеби некој од вас слушнале за овој спорт. Ние дури вчера, видовме едно видео каде луѓе играат фрисби налик рагби или америкнаски фудбал. Тотално необичен но интересн спорт.

За овој спорт треба да сте спремни бидејќи бара постојано трчање.

Floorball

Ако имате одлична координација на очи и раце, овој спорт е за вас.

Тоа е нешто измеѓу lacross (тимски спорт со топка. Целта е со тешка гумена топка да дадете погодок, користејќи за тоа стап со цврста мрежа на врвот) и хокеј на стероиди, бидејќи играчите користат слични закривени стапови, и одржуваат контрола над топката додека се обидувате да дадете гол.

За прв пат се појавува во 70-те години и станува толку популарен што цели кон олимписки спорт.

Joggling

На прва вака делува на жонглирање, што не е нештопосебно. Но, ако некој го прави тоа додека трча  полумаратон, од старт до цел, мора да симнеме капа.

Chess Boxing

Партија шах бара трпеливост, стратегија и вештина. Но, зошто при тоа двајцата играчи да не се маваат по глава дур играат?

За овој спорт требаат многу вештини, од ментални до физички, бидејќи натпреварувачите победуваат или со нокаут или со шаховска игра.

Cliff Tenting

Ако се плашите од висина, тогаш бегајте одо овој спорт. Но, ако сакате по искачување на висини и стрмнини, малку да спиете на шатор кој виси на сајли тогаш ова е за вас.

Snowkiting

Скијање или бордање се возбудливи спортови, но зошто тоа да не го направите уште повеќе возбудливо.

На пример, земете змеј, налик падобран, и со помош на ветер да ве крева и спушта? Притоа можете да правите вртења додека не допрете тло. Морате да внимавате да не го испуштете змејот од раце, да не искомплицирате многу.

Ice Boating

Кој вика дека треба да чекаме лето за да едриме? Ако ви треба авантура или ви фали едрењето, тоаг Ice Boating  е за вас. Има ист концепт како и обично едрење само што не пловите по вода, туку по лед. На лизгалки.

Swamp Soccer

Фудбал на терен кој е клизав, нестабилен, или поточно фудбал во кал.

Wife Carrying

Некој го измислил овој спорт кој бара докажување на вашата машкост и тоа на блесав начин. Трчање преку препреки со вашата сопруга на рамената, сигурно не е лесен спорт. Победникот на натпреварот се бања во пиво.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Фитнес или билдерство?

Leave a Reply

Your email address will not be published.