Успешните луѓе и нивните седум навики кои ги прават секое утро

Успешните луѓе и нивните седум навики кои ги прават секое утро

Кое време се будите? Откога работењето од дома стана новото нормално, многумина не се будат баш нешто рано. Но, тие некоку чсаови пред да започнете со работа, се можеби најубавите часови кои треба да ги третирате како подарок за вас, и само вас. Тоа најдобро го знаат успешните луѓе.

Затоа истраживме што прават успешните мажи како што се Елон Маск, Бил Гејтс, Џек Дорси, за да дознаеме како тие ги организираат своите утра. Од станување рано, до медитирање, до ладен туш, здрав појадок, еве ги седумте работи кои успешните мажи ги прават секое утро.

СТАНУВААТ РАНО

Ова го дознавте дека е прво на листата уште од воведот, нели? Од спортисти до менаџери и големи газди, оваа навика или работа е заедничка за сите нив. 5 часот наутро, е најдобро време за да го започнете денот. Научници од универзитет во Торонто, откриле дека оние кои стануваат рано, се поздрави и посреќни отколку оние кои сакаат да си поспијат.

Студијата која е објавена во магазинот Emotion, вели дека станувањето рано носи поголема сатисфакција во животот. Гледајте да спиете 8 часа, тоа е сепак неизбежно, но легнувајте порано.

Кои познати успешни мажи го прават тоа?

  • Сер Ричард Брансон станува во 05:45
  • Тим Кук од Епл станува во 03:45
  • Хауард Шулц од Старбакс во канцеларија доаѓа во 06 часот наутро

ВЕЖБААТ

Чим се будите рано, вежбањето треба да ви биде прв приоритет. Кратки серии на вежби, или кратко трчање ќе ве направи полни со енергија и вашето тело ќе лачи ендорфин, за да можете да бидете и повеќе од функционални.

Докажано е дека вежбањето пред појдаокот, ќе ве спаси од стресот кој го носи денот, а ќе ви донесе и поубав сон вечерта.

Кои успешни мажи вежбаат наутро?

  • Џек Дорси од Твитер се буди во 05:30 за да оди да трча
  • Алан Шугар секое утро вози велосипед

СЕ ТУШИРААТ СО ЛАДНА ВОДА

Ова звучи малку непривлечно, но има свои бенефити. Една студија вели дека оние кои рано стануваат ии се тушираат со ладна вода имаа 29% помали шанси за настинка.

Уште една студија од Британија вели дека ладниот туш го зајакнува срцето, го контролира крвниот притисок, и го зголемува волуменот на кислород кој го внесуваме.

Кој се тушира со ладна вода?

  • Џек Дорси од Твитер, после секое утринско трчање се тушира со ладна вода
  • Вил Ахмед од WHOOP
  • Џо Викс се тушира со ладна вода, и целосно го применува Вим Хоф методот

МЕДИТИРААТ

Не верувате во медитација? Ок. Ни Билк гејтс не верувал , се додека не пробал. Основачот на Мајкрософт, пред да запоичне со медитации, верувал дека тоа е малку забегана работа, но откога пробал, сега медитира три пати неделно по 10 минути.

А бенефитите од медитацијата се огромни. Тоа ви ја зголемува енергијата и расположението, со што ви се зголемува и фокусот и можноста да го намалите стресот, и да го спремите телото за денот пред вас. А утрата, се идеални за тоа.

Кој медитира секое утро?

  • Бил Гејтс право медитации три пати неделно по 10 минути
  • Џо Роган медитира

ГИ ПРОВЕРУВААТ МЕИЛОВИТЕ

Многумина од најуспешните луѓе на светот, се глобални играчи, што значи работат во различни временски зони, и често се будат рано да одговорат на многуте меилови кои ги добиваат. Наместо да ги сотаваат да стојат во нивниот инбокс, тие ги сегментираат и одоговараат.

Тоа е добра пракса да започнете да ја применувате. Гледајте тоа да го правите рано, бидејќи штом влезете во канцеларија, тешко дека ќе успеете. Избришете ги спам пораките, и верувајте после ова ќе ви биде главата “полесна”.

Кој одговара на меилови секое утро?

  • Питер Џонс секое утро одговара на меилови.
  • Тим Армстронг го организира својот инбокс во 5 часот наутро.

ПРАВАТ ЛИСТА НА ЗАДАЧИ

Многумина се крстат во листата. на задачи. Некои пак ја гледаат како контра продуктивна. Но, не може никој да негира, дека доколку имате време да направите листа со задачи за денот пред вас, ќе биде позадоволни и полесно ќе го поминете денот.

Клучот е да најдете што најмногу ви помага. Ричард Брансон, прави листа секој ден. Директорот на ЛинкедИн, Џеф Вејнер, секој ден си запишува дневни обврски, но запишува и кога треба да одмори. Одлична идеја. Не заборавајте, паметниот пишува, глупавиот помни.

Кој си прави листа на задачи?

  • Ричард Брансон прави листа на задачи од свои 22 години
  • Џеф Вејнер секојдневно прави листа
  • Барак Обама исто така

ЗДРАВ ПОЈДАОК

Зелено смуди, омлет, корнфлекс, се само дел од менијата за појадок на најуспешните мажи во светот. Покрај појдаокот, на менито се наоѓаат и многу вода, или еден литар наутро пред да го напуштите домот, многу витамини и минерали. Ако треба и апчиња, само внесувајте.

Кој се храни здраво секое сабајле?

  • барак Обама избегнува кафе и наместо тоа пие зелен чај или сок од портокал
  • Елон Маск го започнува денот со омлет
  • Џон Мекки секое утро пие зелено смуди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРСИРА: 6 начини како да направите позитивни промени во 2022

Leave a Reply

Your email address will not be published.