Часовникот на Марлон Брандо оди на продажба

Еден од најапознатите холивудски актери во историјата, Марлон Брандо, бил љубител на часовниците. Тој поседувал еден безвременски Rolex часовник кој сега ќе оди на продажба преку аукција. Станува збор за Rolex Datejust модел.

Часовникот се карактеризира со куќиште од нерѓосувачки челик со бројчаник од 31 мм и кожно црно ремче. Овој часовник е направен специјално за Марлон Брандо по повод добивањето на Оскар за улогата во филмот Кум. Цената на овој модел денеска е некаде околу 11,000 долари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Британскиот стил е закон во модата кај мажите

Leave a Reply

Your email address will not be published.