Интересни факти за пивото кои секој маж треба да ги знае (1 дел)

Вода? Не, пиво! Можеби еден од најомилените пијалоци на мажите. Сигурно секој се прашува, особено ако не сте фан на пивото, зошто е толку посебно за мажите. Ова се интересни факти за пивото кои секој маж треба да ги знае

Еве зошто.

  1. Во период од една година луѓето во светот пијат повеќе од 50 милјарди галони пиво.
  2. Пивото е алкохолен пијалок кој најмногу се конзумира во светот
  3. Најстарата пивара потекнува од 1040 година
  4. Бадвајзер е најпознато пиво во светот.
  5. Најскапото пиво чини 503 илјади долари. Allsopp’s Arctic Ale е произведено во 1875 година за една антарктичка експедиција, што го прави колекционерско. Иако не е за пиење за да го купат на eBay се бореле повеќе од 50 луѓе.
  6. Snake Venom ја има титулата з анајако пиво во светот.
  7. САД имаат национален ден на пивото кој се одбележува секоја година.
  8. Во Амстердам владата влијае на алкохоличарите така што ги тера да чистат низ улиците и да собираат ѓубре за за тоа им дава по 5 лименки пиво, кутија цигари и 11 евра на секој алкохоличар.
  9. Јапонскиот Beer Fes е најголем фестивал за крафт пива во светот. На овој фестивал освен пиво ќе најдете и интересни чаши.
  10. Јапонија има многу фестивали на пивото кои се одржуваат во Tokio, Okinawa, Osaka, Nagoya и Yokohama во различен период.
  11. Филипини има врвно пиво. San Miguel е основан во 1890 година како прва и единствена пивара на Филипини под сопственост на La Fabrica de Cerveza de San Miguel. Тоа било првата пивара во југоисточна азија. Тоа станало и едно од водечките пивва во светот.
  12. Октоберфест важи за најголем фолк фестивал во светот. Тоа е фестивал на пивото, виното, и патувачки забавен саем. Се одржува во Михен и трае од 16 до 18 дена. На Октоберфест годишно има околу 6 милиони посетители.
  13. За време на Октоберфест Германија собира 1000 тони отпад
  14. Кинезите пијат најмногу пиво генерално. Чешка е лидер во светот по потрошувачка на пиво по глава на жител, но Кина конзумира најмногу дефинитивно. И нормално е со 1.5 милјарди жители.
  15. Западен Иран има докази дека правеле пиво 3500 години пред новата ера. Доказите се темелат на хемиски истражувања на стари посуди од тоа време.
  16. Во САД има повеќе од 7000 пивари во светот, а најпознатите 3 се Anheuser-Busch од St. Louis, Missouri, MillerCoors од Chicaga, Illinois, и Pabst Brewing Company од Los Angelesa.
  17. Иако постојат две главни категории на пиво АЛЕ и ЛАГЕР, постојат неколку стотини видови на пиво кои зависат од васецот кој се употребува при ферментација.
  18. Најуспешен светски пивски бренд е Пилснер. Пилснер врста на лагер, препознатлив по светложолтеникава или златна боја.
  19. Крафт е немеханизирана метода на производство на пиво. Тоа е рачно изработено пиво. Тие произведуваат мали количини пиво, истакнувајќи го својот квалитет, вкус и техника н апроизводство за разлика од комерцијалните масовно произведени пива. Крафтовите се многу ценети.
  20. Але и Лагер пивата се чуваат на различна температура. Але се чува на температура од 10-12 степени, додела лагерите се чуваат од 7-10 степени. Се што е над 12 степени ќе го промени вкусот на пивото.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Позитивни ефекти на пивото

Leave a Reply

Your email address will not be published.