Како да уживате во пура како вистински познавач и уживател

Ништо друго не се споредува со раскошот и церемонијата на пушење на фина пура. Главен производ во животот на господата, полнета со тутун. Откако пурите за прв пат ги освоија британските брегови, познати поединци од Винстон Черчил до кралот Едвард VII аправија револуција во светот. Дури и Џејмс Бонд ужива во добра пура.

Но, како што никогаш не би послужиле врвен шампањ од фрижидер или сингл малт со коцки мраз, постојат одредени цврсти правила што треба да ги следите кога станува збор за пушење пура.

Од мистериозни брендови, обвиткани во интриги, до кубански пури свиткани за самиот Фидел Кастро, до перфекцијата на не кубанските пури кои доаѓаат од Никарагва, Доменикана, Хондурас, Мексико. Прва работа која треба да ја знаете пред да запалите добра квалитетна пура е да се оуштите. Никогаш не брзајте.

ОДБЕРЕТЕ ПУРА СПОРЕД ВРЕМЕТО КОЕ ГО ИМАТЕ ЗА УЖИВАЊЕ

Без разлика дали сте искусен пушач или новоајлија во прекрасниот свет на пурите, изборот на секоја пура е длабоко лична одлука. Нешто лесно, како на пример Rocky Patel 1999, би било идеално како прва пура, благодарение на нејзиниот нежен, кремаст профил. Но, нешто подолго односно за нијанса посилно, од Rocky Patel како што е 2003 Cameroon, пура која е позачинета, и поинтензивна опција – ако имате време.

Едно од главните прашања што се поставуваат во продавниците за пури како што е ЛГА, е колку време имате и во каква јачина на пурата сакате да уживате? Кон крајот на пушењето пура, обично ќе забележите поизразени вкусови. Тоа е како оброк од три јадења. И затоа е многу важно да изберете пура која одговара на тоа колку време имате.

ОСИГУРАЈТЕ СЕ ДЕКА ПУРАТА Е ДОБРО ОДРЖУВАНА

Можете да ја изберете најдобрата пура во светот, но ако не е правилно складирана, ќе ви биде најлошата. Пурите треба да се чуваат на правилна температура и влажност за да се осигураме дека мирисите и вкусовите се развиваат на правилен начин.

И ова значи дека мора да проверите. Проверете дали е сува или премногу тврдана допир. За совршен чад, вашата пура треба да се чува на влажност од 65% до 70% и помеѓу 17 до 23 степени Целзиусови.

НЕМА ПРАВИЛЕН НАЧИН НА СЕЧЕЊЕ НА ПУРА

Или сепак има едно правило. не сечете ја целата обвивка на крајот на пурата, бидејќи дел од таа обвивка ја држу пурата целосна односно да не се одвитка. Имате неколку начини за сечење на пурата. Имате класичен секач, имате В катер и панч.

ПАЛЕЊЕТО НА ПУРАТА ЗАВИСИ ОД ВАШЕТО ВРЕМЕ КОЕ ГО ИМАТЕ

Ниту еден дел од процесот на уживање во пура не треба да се брза, особено палењето кое треба да е најбавно. Прво треба нежно да се заокружи од сите страни на рабовите, додека ја ротирате во прстите. Секаде треба да е рамномерно и прецизно запалена.

Што се однесува до алатите кибритот или кедарот се класични начини. И, ако уживате во долгиот процес на палење и имате умешност да ги контролирате овие пламени, можеби тоа е најпријатниот начин. Но, најефективниот и најточниот начин да ја запалите вашата пура ќе биде со користење на бренер запалка.

ПРОДОЛЖЕТЕ УМЕРЕНО И СО ПОЛНА САМОДОВЕРБА

Откако добро ќе ја запалите пурата распафкајте ја нежно и дувнете во врвот на пурата. Вртете ја пурата со секое повлекување. Откако пурата ќе се смета за запалена, свртете ја пурата кон вас и нежно дувајте врз неа.

Ако има темни дамки на пурата, продолжете нежно да дувате низ пурата додека палите со кибрит или запалка. Откако ќе завршите, погрижете се да и дадете на вашата пура момент да се олади, бидејќи сиот овој оган може да направи пурата да гори на превисока температура и да создаде горчлив финиш.

НАУЧЕТЕ КОЈ ПИЈАЛОК НАЈМНОГУ ОДГОВАРА НА ВАШАТА ПУРА

Безброј жестоки жестоки пијалоци, кафе, вино, секој пијалок носи посебно задоволство за вас и вашата пура. Има бескрајни опции. Некој уживаат во кафе, во добро еспресо, а неко пак во стар и скап коњак или сингл малт. Некој ужива во шампањ, но сето тоа зависи од пурата која ја уживате.

ЗАПАЛЕНАТА ПУРА НЕ ЈА ОСТАВАЈТЕ ЗА ПОСЛЕ

Пурата никогаш не треба да се фрла и да се чува за подоцна бидејќи студениот, застарен чад и влагата од претходниот чад ќе имаат гаден вкус штом ќе се запали и самиот таков чин е непочитување на самите пури.

Наместо тоа, оставете ја пурата да отстои десет минути на пепелникот ако сакате одмор. Секогаш би поттикнале да пушите пура за време на едно седење.

КАДЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕТЕ ВРВНИ ПУРИ

За поввеќе информации околу пурите може да најдете во ЛГА Импорт и Тобако на улица Никола Вапцаров 2 или онлајн, во Hecho a Mano, Gentleman Spirits and Cigars на Френкилн Рузвелт 5 (наскоро), како и во бројни ресторани и тобака низ државата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Дознајте повеќе за Хјумидорите (кутии за чување пури)

Leave a Reply

Your email address will not be published.