Како изгледаа добитниците на изборот на Мажи на годината за 2021 (ВТОР ДЕЛ – ФОТО)

Вториот дел од веста за облекувањето на Мажите на годината на настанот го продолжуваме со останатите. Следен кој навистина пленеше со својот изглед вечерта е Ламбро Патче, директорот за комуникации во Пивара Скопје. Ламбро ја доби наградата за Хедонист на годината за 2021. Искрено ако нас не прашувате, заслужено комплетно. Човекот кој ужива во малите нешта, човек кој ужива во убавиот начин на живот. Љубител на лулиња и пури, на летање, Ламбро е вистински пример како треба да се изгледа.

Уште еден човек со стил, Злате Мехмедовиќ, беше навистина на задачата за еден ваков настан. Злате Мехмедовиќ, нашиот познат доктор, важи за маж со исклучетелн стил. На оваа вечер на Мажи на годината 2021, Злате беше облечен во одлично триделно одело со жолта машна и смела комбинација на чорапи. Не за џабе ја носи со себе наградата за Маж со стил за 2021.

Менаџерот на годината до 40 години, Војдан Карапетковски, изгледаше одлично на настанот. Среќни сме што повеќето од нашите гости изгледаа онака како и што заслужува еден ваков евент или гала вечер. Војдан е млад и многу успешен во она што го прави, а доказ за тоа е и неговиот успех и надвор од нашата држава.

Со оглед на условите оваа година, Мажи на годината, се врати во своето познато руво, и повторно сите посетители можеа да уживаат во една преубава гала вечер, која оваа година беше закитена со настапот на кабарето од Gold Felicia, и нивните маестрални изведувачи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Како изгледаа добитниците на изборот на Мажи на годината за 2021 (ПРВ ДЕЛ – ФОТО)

Leave a Reply

Your email address will not be published.